Светот слушна за српскиот дизајнер Марко Митановски во 2009-та година, кога постигна голем успех на конкурсот за млади дизајнери организиран од „Вог“ во рамките на Лондонската модна недела.
И од тогаш имаше затишје. Сите се прашуваа каде исчезна надежниот дизајнер, а тој бомбастично се врати на сцената во октомври 2011 година. Тогаш откри дека повеќе не се вика Марко, туку Миа.
Процесот на промена на полот траеше неколку години, па креаторот претстави ново лице, ново име и најави нова колекција. Сепак, ова последното сè уште не сме го виделе.
Миа изгледа навистина спектакуларно и од фотографиите што ги објавува на Инстаграм, никогаш не би помислиле дека е маж.
Српскиот дизајнер, сега дизајнерка, со години успешно работи низ Европа, особено во Лондон.
Војводата Иван Биковски од Берово, кој наводно бил во чета на Гоце Делчев можеби е предок на познатиот српски глумец Милош Биковиќ. Глумецот во интервју за порталот Црнобело вели дека би сакал да истражи ако има македонски корени и дали таа информација е за верување.
– Но, многу е интересно дека тој Иван Биковски, на таа фотографија што ја нашле од она време, многу личи на мојот чичко. И кога ги споредувам, си велам, па, тоа е таа генетика, постои врска – вели Биковиќ во интервјуто.
Се вели дека од двајцата браќа Биковски, татко на таткото на Милош, едниот морал да го смени презимето во Биковиќ поради тогашните правила во кралството Југославија.
Биковиќ во моментот е во етерот како главна ѕвезда во рускиот филм „Предизвик“. Тој е првиот филм кој некогаш бил сниман во вселената. Погледнете ја рекламата за фимот:
Принцот Хари (38) во своите мемоари „Spare“ рекол дека никогаш не можел да ја прегрне својата баба, кралицата Елизабета II. Еден корисник на ТикТок, пак, споделил извадок во кој војводата од Сасекс зборува дека ја гледал својата баба како ужива на концертот по повод златниот јубилеен во 2002 година.
– Додека ја гледав како танцува и се ниша во ритамот, сакав да ја гушнам. Но, се разбира дека не го сторив тоа. Нема шанси. Никогаш не сум го направил тоа и не можев да замислам ниту една околност под која такво дело не би се санкционирало, рекол Хари, а пренесува 24сата.хр.
Електра Елит не престанува да ја шокира јавноста со нејзиниот интригантен живот, полн со тајни, недовршени приказни и скандали.
Откако беше единствената на естрадата која ја сними својата високобуџетна новогодишна програма, таа подготви и две нови песни потпишани од Нучи и Леон.
Трансродовата пејачка последните неколку дена престојува во Сараево, а причина за нејзиното заминување е снимањето на спот.
Од таму објави низа секси фотографии на кои позира истакнувајќи ги огромните гради, па многумина забораваат дека ТАА е всушност МАЖ.
Под фотографиите се потпишува фотографот Игор Живковиќ.