Фолкерките од Македонија максимално се трудат да фатат чекор со времето и во ништо да не заостануваат зад колешките од државите во регионот. Рака на срце, одлично им оди тоа на нашите пејачки. Тешко дека би ја издвоиле најубавата, најсексапилна Македонка
Не се само српската, бугарската и хрватската естрада преполни со убави, атрактивни и сексапилни пејачки. По Северина и Цеца, последниве неколку години, и во Македонија „никнуваат“ такви пејачки, како печурки по дожд. За надалеку познатата расна Сузана Гавазова знаеме сè – и кога пее и кога не пее, кога доволно вкусно се соблекува за потребите на имиџот. А, таа има што и да ни покаже.
–
Веројатно, по стапките на Гавазова неодамна тргнаа и нејзините помлади, но и (сега-засега) помалку познати фолк-колешки Сања Цинцева-Барбика и Ирена Петрова-Лола. Намерно или сосема случајно, дознаваме дека едната ја ископирала другата. И, настана драма, како што бидува на естрадата. Особено откако Барбика и Лола направија речиси исти скокотливи пози. Не веруваме дека СЈО би се занимавало со тоа, со утврдувањето на „авторските права“, особено затоа што Гавазова си е пооригинална во однос на овие другите две. Иако и таа е со високи, црни чизми и мрежести хулахопки, си ја има барем својата оригинална поза. Гавазова не е одзади, туку е однапред фотографирана, де! Само немојте да имате расипана фантазија. Башка што фолкерките од Македонија максимално се трудат да фатат чекор со времето и во ништо да не заостануваат зад колешките од државите во регионот. Рака на срце, одлично им оди тоа на нашите пејачки.
–
Со право можеме да кажеме дека тешко би ја издвоиле најубавата, најсексапилна Македонка. Така што не е ни важно која е првата што објавила (преку Инстаграм, ФБ или Јутјуб) ваква фотографија поради која очите на мажите им танцуваат. А, девојките им завидуваат на прикажаното тело-вретено и на нивните убави модни работи: кожени црни јакни, танга боди, чизми, дури и самата фризура.
(Д.М.) Вечер прес
фото: ФБ/Инстаграм
