Connect with us

Uncategorized

СВЕТИ 12 МАЧЕНИЦИ: Сите беа убиени, а со нив и момчето Порфириј, кое побара да ги погребе

Published

on

Денеска е 16 февруари (според стар стил) и се слави Св. Дванаесет маченици кои пострадаа во времето на Диоклецијан.

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа.

Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст.

Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа.

Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Египет, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Јеремија, Самуил и Даниил“. На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“.

Сите беа убиени, а со нив пострада и момчето Порфириј, кое ги побара нивните тела за да ги погребe. Тие беа убиени со меч, а него го изгореа во оган. Уште и Селевкиј, кој пријде и ги бакна мачениците пред мечот да падне врз нивните глави.

Пред ова Селевкиј беше офицер. И старецот Теодул, слуга на римскиот судија, бидејќи при погребната поворка бакна еден од мачениците. Најпосле и Јулијан, кој ги целиваше мртвите тела на мачениците и ги фалеше. И така дадоа мало за големо и евтино за скапоцено и смртно за бесмртно и се преселија кај Господ во 308 година.

Uncategorized

БИВШИ И СЕГАШНИ ФУНКЦИОНЕРИ СЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ФИРМИ Го премолчале тоа кога давале изјави во Антикорупциска!

Published

on

Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо денеска го објавија „Истражувањето за откривање евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ при јавните набавки кај политички експонираните лица“.

Истражувањето покажа дека преку Регистарот на вистински сопственици се откриени сопствеништва во фирми на политички експонирани лица (градоначалници и министри), кои не им се пријавени во изјавите за интереси доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

41 од анализираните 360 поранешни и сегашни функционери, се јавуваат како вистински сопственици во некоја фирма, 23 од овие функционери целосно или делумно ги сокриле своите удели во фирми кога доставувале изјава за интереси до ДКСК.

Разликите во податоците за бизнис-интересите на функционерите укажуваат на отсуство на соодветна проверка и верификација на точноста на податоците и во Регистарот на вистински сопственици, и во изјавите за интереси што избраните и именуваните лица ги доставуваат до ДКСК.

Фирми во сопственост на градоначалници и поранешни министри добивале договори за јавни набавки, концесии и лиценци доделени од државни институции.

„На граѓаните, новинарите и граѓанските организации им е оневозможено активно да учествуваат во откривање на евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ од страна на носителите на функции. Регистарот на вистински сопственици не е јавно отворен и за информациите во него се плаќа, а податоците за бизнис-интересите на функционерите во јавно достапниот електронски систем на ДКСК се нецелосни“, се наведува во извештајот.

Во изјавите за интереси до ДКСК функционерите пријавуваат податоци само за најтесното семејство со кое живеат под ист покрив, а изјавите доставени до ДКСК до крајот на 2023 година ги има само во хартија и не се достапни на специјализираниот веб-портал, итн.

Во услови кога за информациите за сопствеништво треба да се плати, а изјавите за интереси во голем број случаи не се сеопфатни и точни, се олеснува криењето на сопствениците на фирмите, наместо јавно поврзување и објавување на фирмите кои добиле тендери и концесии со нивните сопственици.

Проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Continue Reading

Uncategorized

Меџити: Поголемиот дел од Алијансата против враќање кај ДУИ, вклучувајќи го и Арбен Фетаи и пратеници

Published

on

Првиот заменик-премиер на Северна Македонија, Изет Меџити, ги коментираше последните случувања во рамките на Алијансата за Албанците, нагласувајќи дека во партијата се води силна дебата и дека мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на лидерот Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да ѝ се приближи на ДУИ и Европскиот фронт.

„Во рамките на Алијансата на Таравари има жестока дебата, каде што огромното мнозинство не се согласува со својот лидер за да се вратат во канџите на ДУИ и Европскиот фронт, туку ќе останат во Владата,“ изјави Меџити во интервју за централниот дневник на Алсат М.

Тој ја оцени одлуката на Таравари како „необјаснива“ и „нетранспарентна“, алудирајќи дека можеби е донесена под притисок или уцена и дека не го претставува вистинскиот став на членството на Алијансата за Албанците.

Во својата изјава, Меџити го спомена и заменик-премиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, за кого рече дека му е потребен на Владата и изрази надеж дека ќе остане на својата функција. „Покажа транспарентност и капацитет за да управува соодветно,“ додаде Меџити.

Continue Reading

Uncategorized

Вреди формираше нова пратеничка група, колкумина од кај Таравари ќе останат?

Published

on

Денеска во Собранието е формирана нова пратеничка група на ВРЕДИ. Таа ќе брои девет члена и ја сочинуваат. Африм Гаши,Аднан Азизи ,Беким Ќоку, Калтрина Беќири,Имерлије Сали,Саранда Имери,Фериде Хаџиу,Мерита Колчи Коџаџику и Беким Сали.

Од друга страна неизвесно е дали крилото на Алијанса на Арбен Таравари ќе поднесе барање за нова пратеничка група и дали ќе го имаат минимумот од пет пратеници.

                Continue Reading
                Advertisement
                Advertisement

                Трендинг