Connect with us

Балкан

ЌЕ ВЕ ПОЛАЗАТ МОРНИЦИ: На денешен ден е убиена српската пејачка која беше закопана во бел ковчег со бел крст, утрово на нејзиниот гроб шокантна глетка (ФОТО)

Пејачката Ксенија Пајчин трагично го загуби животот на 16 март 2010 година кога нејзиното тогашно момче Филип Каписода од засега непознати причини ја застрела со пиштол, а потоа се самоуби.

Денеска се навршуваат 13 години од нејзината смрт, но никој од нејзините блиски луѓе не се појавил на Новите гробишта во Белград. Не барем претпладнето.

 потсетиме, Пајчин во екот на својата популарност во 2008 година падна на шармот на десет години помладиот манекен Филип Каписода и со него започна љубовна врска која не ја криеше од очите на јавноста, а на самиот на почетокот таа блескаше од среќа.

Врската на оваа љубовна двојка стануваше се побурна, а тие извесно време раскинаа, кога Каписода влезе во реалното шоу „Големиот брат“, додека во медиумите изјави дека не им љубомори на девојките кои беа околу него, туку дека тие беа во врска на која ставија точка засекогаш.

Така беше се’ додека манекенката не го напушти реалното шоу, кога ја обновија врската и започнаа заеднички живот.

Во медиумите почнаа шпекулациите за нивните чести кавги, а соседите се огласија и зборуваа за врескањето што го слушнале од заедничкиот стан, но тие ги демантираат тврдењата и велат дека тоа е обична кавга низ која поминува секој пар.

Нејзиното последно појавување во медиумите предизвика многу коментари, кога Филип упадна во студио пред камерите и и подари букет цвеќе како вистински џентлмен, но најострото око на фановите не го пропушти детаљот кога и ја оттурна од себе, што многумина го сфатија како „предвесник“ на трагедија во која никој дотогаш не ја претчувствуваше.

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Автомобил „полета“ над кружен тек – дијабетска криза ја предизвикала несреќата

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.

Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.

Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг