Connect with us

Македонија

Родителите на Јана со потресно сведоштво: Како со пепел да сме полни

Родителите на малата Јана која почина во битолската болница, Кристина и Стојче со солзи во очите проговорија за трагедијата за Сител ТВ

-Ова да не се случи на никого, ниту на душман. Се чувствуваме како да немаме органи како со пепел да сме полни, ни емоции имаме, ни чувства имаме повеќе, со солзи во очите родителите Кристина и Стојче за Сител ја коментираат загубата на нивната ќерка Јана.

– Ние не сакаме да ги обвиниме лекарите дека намерно згрешиле или намерно сакале да му го одземат животот на детето. Само ние мислиме дека толку им е знаењето, кажа Кристина, мајката на малата Јана додавајќи дека Јана никогаш немала никакви хронични заболувања, а најмалку шеќерни или срцеви заболувања. 

Јана била хоспитализирана веднаш по крвната анализа, која следела по прегледот на докторката, раскажа мајката на Јана. 

– Отидовме во лабораторија почекавме бидејќи имаше гужва, влегов два пати за да кажам дека се работи за мало дете за да ја избегнеме гужвата бидејќи е дехидрирано девојчето. Почекавме 5 минути, и земаа крв, рацете и беа ладни и едвај и земаа крв поради дехидратацијата. И го измерија шеќерот и тој беше 8,9. Потоа, ни рекоа да почекаме да ја известат докторката дека е шеќерот 8,9, вели Кристина.

-Си го легнав срцето на креветче, ја почекав сопругата да се врати од лабораторија бидејќи таму ја заборави книшката и откако дојде јас излегов во ходникот, кажа Стојче, таткото на малата Јана.

– Сестрите и ставија инфузија. Инфузијата течеше нормално, девојчето лежеше и си заспа. По неколку минути и се поврати бојата на лицето, и се стоплија рацете, се беше во ред. Кога инфузијата стигна до половина девојчето почна да се жали на болка во стомакот и нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука дека работи, па ја викнав сестрата да и кажам дека девојчето го болат стомакот и нозете и дека не сака повеќе да лежи и бараше да и се извади инфузијата таа рече дека е нормално да има грчеви од што повраќала. Раката и отече. Инфузијата и ја премести сестрата на другата рака и мислам дека ја поотпушти бидејќи ја замолив така да направи доколку смее затоа што не може да седи, а ако не смее не смее. Јана се тресеше од болки. Медицинската сестра ми рече дека докторката ќе дојде, седете не е ништо ова е грчеви во стомакот нека дотече инфузијата, кажа Кристина, додавајќи дека се додека течела инфузијата Јана велела дека не може да издржи, а докторката не се појавила ниту еднаш.  

На прашање кога нагло дојде до влошување на ситуацијата на Јана, нејзината мајка кажа дека тоа се случило по истекување на половина од инфузијата. 

Целиот разговор со родителите кои проговорија за Сител ТВ во продолжение: 

Македонија

Македонските кардиохирурзи Колев и Џелили се обучуваат за операции во Франција

Кардиохирурзите од ЈЗУ Клиника за кардиохирургија – Скопје, д-р Александар Колев и д-р Кујтим Џелили, престојуваат на Универзитетската болница во Бордо, Франција, каде што посетуваат специјализирана работилница посветена на најсовремените техники во кардиохирургијата.

Под менторство на професорите Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, тие се обучуваат за минимално инвазивни процедури, како и за употребата на роботскиот систем „Да Винчи“ при поправка на митралниот залисток. Во текот на престојот, двајцата лекари имаат практични тренинг-сесии со работа на реални модели, применувајќи дел од најновата медицинска апаратура што се користи во водечките кардиохируршки центри.

„Кардиохирургијата постојано напредува и наша должност е да останеме во тек со новитетите, со цел да им обезбедиме врвен третман на пациентите во Македонија“, истакнува д-р Колев.

Престојот во Франција е дел од континуираните активности за подигање на стандардите и воведување на напредни хируршки техники во домашното здравство.

Continue Reading

Македонија

Се одржа 38. средба на Заедничката историска комисија: Фокус на новите учебници по историја за основците

Во Скопје вчера и денеска се одржа 38. редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, согласно годишниот план за работа.

На состанокот, македонскиот тим ги достави новите учебници по „Историја и општество“ за петто и шесто одделение, по што се отвори дискусија за идниот пристап и методологијата при разгледувањето на наставните содржини. Темата ќе биде дополнително разработена на следната средба.

Во рамките на состанокот беше потпишан записникот од 31. седница, а продолжија и разговорите за усогласување на текстот од записникот на 32. средба.

„Македонскиот тим преку својот проактивен пристап продолжува да гради доверба и да бара одржливи решенија, засновани на взаемно почитување и признавање на правото на различна историска перспектива,“ се наведува во официјалното соопштение.

Следната средба на Комисијата е закажана за првата половина на декември во Софија, каде ќе продолжат разговорите за усогласување на образовните содржини и препораки.

Continue Reading

Македонија

Алиу: Не сме добиле покана од Владата, но нема да ја одбиеме

Демократската партија на Албанците (ДПА) е подготвена да разгледа можност за учество во Владата, доколку добие официјална покана. Ова денеска го изјави членот на Централното претседателство на партијата, Имер Алиу, по одржувањето на Централното собрание.

„Немаме добиено официјална покана, но не би ја одбиле. Ќе разговараме со сите, вклучително и со Владата“, рече Алиу. Тој посочи дека политичката агенда на ДПА можеби не е идентична со онаа на владејачките партии, но дека дијалог треба да има.

Осврнувајќи се на резултатите од локалните избори, Алиу порача дека поразот на ДУИ не треба да се гледа како „национална трагедија“, туку како политички процес што носи нови обврски за тие кои сега се дел од власта.

„Многу ветувања беа дадени. Сега е време тие да се реализираат. Албанската партија во Владата нема простор за изговори и ќе ја повикуваме на отчетност“, истакна Алиу.

На денешното Собрание, ДПА формираше и Координативно тело кое ќе ги води понатамошните активности на партијата. Партијата најавува дека ќе продолжи да врши притисок и надзор врз носителите на функции и на локално и на централно ниво.

ДПА до локалните избори беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Лидерот Мендух Тачи претходно тврдеше дека на парламентарните избори таа коалиција била посилна од ВЛЕН, но последните изборни резултати го променија политичкиот распоред меѓу албанските партии.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг