Connect with us

Балкан

Не е системот крив, криви се родителите: Карлеуша се огласи по страшниот масакр во Белград

Јелена Карлеуша го коментираше настанот кој се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кој тринаесетгодишно момче пукало во своите соученици и наставници и убило 9 луѓе, 8 негови соученици и еден чувар. Две деца и една наставничка се повредени.

Карлеуша рече дека не е проблем во системот, туку родителите кои го испуштиле детето од раце.

„Ужасната трагедија и злосторот кој го стори едно 13 годишно дете, натера многу да бараат вина за состојбата во кое како општество се наоѓаме. Криви се сега сите, од институции, држава, самото школо, до влијанието на западот, медиумите. Но, никој не дојде до сржта на проблемот. А проблемот сме ние самите. За нашите деца сме исклучиво и само виновни ние, родителите. Родителите кои го испуштија детето и не го учат на виситнските вредности. Кога родителот нема контрола и авторитет, кога нема време за детето, тогаш децата учат од улицата и социјалните мрежи, Тик ток, ликовите од реалните шоуа кои стануваат ѕвезди, криминалците“, рече Карлеуша.

„Детето се учи да има емпатија, да има милост, да сака, да дели со друарите, да прави разлика меѓу доброто и злото. Децата се учат како папгали, го присвојуваат и повторуваат она што им се повторува како мантра. Кога тоа ќе изостане во самото срце на семејството, а тоа е нивната куќа, сè се руши како кула од карти. Добро воспитано дете може да слуша и гледа насилство, но ќе го осуди и ќе се побуни и нема да го присвои. За жал гледаме како малолетници на социјалните мрежи слават убиство, наставници и убивање на врсници. Не е системот виновен, виновни се родителите. Државата не го воспитува детето, го воспитуваат родителите. Родители, дали знаете што детето ви пишува по социјалните мрежи? Проверете и запрашајте се. Дете не се носи на стрелање и лов, детето се учи дека убивањето на нешто живо е страшно и лошо. Децата не се учат дека жените се проститутки, а криминалците, фаци, децата се учат да ги почитуваат постарите и да го осудат сето она што е нечовечно и противзаконско. Ако кажете дека тоа го виделе од нивното опкружување, прашајте се зошто вашето влијание е помало и дали воопшто го имате. Не е општеството тоа кое потфрлило, потфрлиле родителите“, рече Карлеуша.

Балкан

ВИДЕО – Автомобил слета врз куќа во Србија: необична несреќа ја шокираше Чуприја

Необична сообраќајна несреќа го привлече вниманието на јавноста во Остривац, кај Чуприја во Србија, каде автомобил заврши директно врз покривот од семејна куќа. Снимка од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи.

Несреќата се случила минатата сабота, кога возачот ја изгубил контролата врз возилото додека излегувал од остра кривина. Автомобилот се лизнал, ја пробил оградата од дворот и по превртување слетал врз куќата на Саша Димитријевиќ.

Возачот бил пренесен во болницата во Чуприја, каде му биле констатирани полесни повреди. Ниту еден член на семејството не е повреден.

Во моментот на несреќата, во куќата се наоѓал само синот на сопственикот, Дарко, кој гледал телевизија. „Слушнав силен тресок и мислев дека се урнал покривот“, изјави тој. „Кога излегов, видов автомобил на куќата. Среќа е што никој не страдаше.“

Сопственикот Димитријевиќ објасни дека возачот е млад човек од соседното село Јовац, кој неодамна го положил возачкиот испит. Тој повтори дека кривината пред нивната куќа е исклучително опасна и често претставува ризик за возачите.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Балкан

Судии и обвинители во Белград протестираа против политички притисоци

Судии, обвинители и адвокати од цела Србија денеска се собраа пред Уставниот суд и Правниот факултет во Белград за да протестираат против, како што велат, политичките притисоци врз судството.

Причината за протестот беше забраната на обвинител од Првото основно јавно обвинителство во Белград да изврши увид по инцидент во шаторската населба „Ќациленд“ пред српскиот парламент, каде престојуваат поддржувачи на власта. Дополнителен повод се најавените измени на законот за Обвинителството за организиран криминал, со кои ова обвинителство би станало дел од Вишото јавно обвинителство.

Присутните на протестот истакнаа дека ваквите законски измени би ја ограничиле автономијата и независноста на Обвинителството за организиран криминал и корупција, што, според нив, е јасен сигнал дека државата се откажува од институционалната борба против организираниот криминал.

Протестот заврши пред Правниот факултет во Белград со 16-минутен молк во чест на жртвите кои го загубија животот при падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Continue Reading

Балкан

Драма во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)

Рано утрово на Обреновачки пункт се случи сообраќајна несреќа во која автомобил БМВ се судри со камион. На социјалните мрежи се појави видео од возачот на БМВ, кој, со цигара во рака и траги од крв на облеката, на прашањето „Што направи?“ одговорил: „Не знам, ме удри камион. Многу силно.“

Според извештајот на станицата „Србија Сад“, возачот на БМВ претходно возел агресивно, менувајќи ленти и речиси предизвикувајќи други инциденти. На крајот, автомобилот удрил во камионот, а наводно возачот дури се фалел со тоа.

Полицијата соопшти дека во несреќата тешко е повреден 46-годишен маж, кој е пренесен во Ургентниот центар. Возачот на камионот (38) се здобил со повреда на раката, но одбил транспорт до болница.

Судирот предизвикал голема материјална штета – предниот дел на БМВ е згмечен, додека камионот е делумно оштетен и завршил со предниот дел деформиран од силата на ударот.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг