Момчето убиец кое со пиштолот на татко му уби осум врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае. Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади кај д-р Суботиќ, сосема мирен и има само две прашања: „Кога ќе излезам одовде?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“.
Според „Блиц“, момчето убиец не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се види со родителите.
-Нема барања, не ни праша за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин – вели изворот на српски „Блиц“.
Опишувајќи ја моменталната состојба на момчето, изворот на „Блиц“ наведува дека момчето убиец размислува и се однесува како да е во прашање моментот кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода.
Тој го чека тој момент и очигледно е убеден дека треба да биде деновиве.
– Второто прашање што го поставува е каков импакт остави, какви реакции. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат – објаснува соговорникот.
Како што објави Блиц, на седмоодделенецот не му даваат ниту седативи, бидејќи е „сосема мирен“. Не му требаат.
Лекарскиот тим работи на утврдување на фактите и состојбата на момчето, што му претходело на монструозниот чин, но и за време на егзекуцијата.
Престанал да ги убива пријателите иако имал уште две куршуми, односно 34 куршуми.
Како што пишува Блиц, тој го прекинал својот крвав поход бидејќи почувствувал дека останува без здив.
Во сета своја свирепост, децата кои преживеале биле спасени од напад на паника што го имало ова момче во еден момент. Влегол во дворот, го испразнил пиштолот и повикал полиција.
Невидена трагедија во Србија се случи на 3 мај во белградското основно училиште во Врачар, кога ученик од седмо одделение влегол во училиштето со оружјето на неговиот татко. Прво го убил училишниот чувар Драган Влаховиќ и дежурните ученици, а потоа дивеењето го продолжил низ училишната сала до кабинетот за историја. Таму уби пет свои врсници, рани еден наставник по историја и уште шест ученици.
Атина, 26 јануари 2025 – Во цела Грција денес се одржаа протести поради железничката катастрофа во Темпе од февруари 2023 година, во која загинаа 57 лица. Нов аудиозапис кој дојде до јавноста повторно го привлече вниманието кон инцидентот, предизвикувајќи гнев меѓу граѓаните и барања за одговорност и правда.
Протестите се раширија не само во Грција туку и во други земји, со учесници кои изразуваат солидарност со жртвите и нивните семејства. Во Атина, протестите беа особено масовни, со луѓе кои бараа од властите да се преземат конкретни чекори за да се обезбеди безбедноста на железничкиот сообраќај и да се избегнат идни трагедии.
Новите докази од истрагата, како аудиозаписите, предизвикаа контроверзии, оспорувајќи ги претходните тврдења на владата за причините за несреќата. Ова доведе до зголемен притисок врз властите за транспарентност и кривична одговорност.
Протестите покажаа дека прашањето за железничката безбедност останува жива тема во Грција, со јавноста која бара итно подобрување на инфраструктурата и системите за безбедност за да се спречат идни трагедии.
„Немам кислород“ е слоганот под кој денеска, точно напладне во речиси сите помали и поголеми градови во цела Грција, но и во градови во странство се одржуваат протести поради железничката несреќа кај Темпи на крајот на февруари 2023 година, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, јави дописничката на МИА од Атина.
Во железничката несреќа животот го загубија 57 лица, а според извештајот на експертот Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што резултирала со недостаток на кислород.
Паралелно беше објавен аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кои се слушаат повиците за помош, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, што беше и причина протестите да бидат под конкретниот слоган со цел семејствата на загинатите да побараат правда и „независно судство за сите“.
Аудиоснимките се од последните моменти на патниците од возот и според експертите, докажуваат дека дел од жртвите не загинале во сударот, туку од експлозијата што следела.
Во објавениот телефонски повик до 112, што е автоматски воспоставен откако мобилниот телефон препознал несреќа, се слуша женски глас што бара помош, вели „Не можам да дишам“, „Имам многу малку воздух“, а на крајот завршува со зборовите „Ќе умреме … Марти, те сакам“, што според медиумите во Грција, се упатени до нејзината 20-годишна пријателка што не ја преживеа несреќата.
Мајката на загинатата Марти, Мариа Каристиану, која е претседателка на Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ говорејќи за грчките медиуми посочи дека објавувањето на аудиозаписите „е начин да се изврши притисок врз истражителот да си ја заврши работата бидејќи ги знае овие работи“.
– Кога дознав дека моето дете умре, првото нешто што ми беше важно беше дали почувствува нешто или сè се случи пребрзо. Ова е важно мајката да го знае. Сите ни кажаа дека веднаш загина, а потоа дознавме дека 30 луѓе изгореле живи. Три минути нашите деца чекаа да умрат. Правдата ќе биде задоволена за овој криминал, на еден или на друг начин, посочи Каристиану за грчката телевизија „Мега“.
Протестот е организиран од Здружението на роднините на жртвите во несреќата „Темпи 2023“, а поддршка изразија од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Комунистичката партија и Нова левица, од синдикатот на вработени во јавниот сектор, од низа здруженија, како и од навивачки и анархистички групи.
Здружението на роднините на жртвите преку протестот бара веднаш да се спроведе истрага „за експлозијата на нелегалниот хемиски товар“ во товарниот вагон и „за пожарот во кој живи изгореа нашите најблиски“, како и кандидатот за претседател и до неодамна собраниски спикер Константинос Тасулас „да даде објаснувања пред неговата инаугурација на највисоката функција за закопувањето на предметите за Темпи во фиоките на Парламентот“.
Железничката несреќа се случи кусо пред полноќ на 28 февруари 2023 година во близина на месноста Темпи во централна Грција при директен судир на товарен и патнички воз кои се движеле на иста шина, а животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот дел студенти.
Како што јави репортерот на Фонет, девојката е тешко повредена, свесна е и ја лекува екипа на Брза помош.
Денеска во Србија има генерален штрајк, кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. На штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и многу компании, културни институции, ресторани, мали бизниси, организации… На штрајкот се одѕваа и синдикалците во државните претпријатија и градските администрации.