Connect with us

Забава

Масовен тренд – САПУН НА ВЕЃИТЕ (ВИДЕО)

Published

on

Светот на модата секогаш се врти, па сега одлучи дека е „ин“ да имате дебели и природни веѓи.

Поради оваа причина, многу дами сега одеднаш сакаат природно подебели веѓи, па наоѓаат различни начини да ги добијат. Сепак, иако постојат неколку методи, тие се разликуваат доста и одат од крајност до крајност – додека некои се болни и прилично скапи, други се малку бизарни.about:blank

Додека многу жени користат молив за да ги „цртаат“ веѓите, други одат кај професионалци и ги тетовираат – понекогаш мора да страдате за убавина. Но, што прават дамите кои сакаат да ја избегнат болката? Тие користат сапун!

За почеток, земете го омиленото моливче или сенка за веѓи и обликувајте ги на вообичаен начин. Потоа исчешлајте ги со четка за веѓи, па минимално намокрете го сапунот и четката за веѓи истријте ја на него, но внимавајте слојот од сапун што ќе се „залепи“ за неа да биде тенок.

Со четката исчеткајте ги веѓите нагоре во насока во која растат влакната. Не заборавајте да го исчешлате и горниот дел од веѓите, а кога ќе ја добиете посакуваната форма и густина, сето тоа убаво натапкајте го со прстите.

Видео:

https://youtu.be/r4D7VzJhawk

Забава

Пајак и Џехва имаат дует: Македонскиот трапер и познатата српска пејачка со заедничка песна и спот (ФОТО и Видео)

Published

on

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го најавува дуетот со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ.

Теодора на нејзиниот профил на Instagram објави неколку секунди од снимањето на спотот, а во разговор со фановите напиша: Песната со Пајак е втора песна која ја слушав повеќе од 500 пати.

Пејачката исто така најави и дека дуетот со Пајак ќе излезе набрзо. Двајцата престојуваат на Кипар каде што снимаат и спот за песната.

– Нова песна ќе имам за многу брзо, а албумот почна полека да се подготвува. Се надевам дека до следната година ова време ќе излезе, напиша Теодора.

Заедно со Mc Stojan во февруари годинава го Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичнатабројка од над 16 милиони прегледи на одличната макфестовска дует песна „Bella“.

Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…


На кратко тизер од снимањето на спотот и песната можете да слушнете тука:

Continue Reading

Забава

„Македонијо во срце те носиме“ – ќе ја обои Македонија во најубавите звуци

Published

on

„Македонијо во срце те носиме“, е насловот на новиот музички проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика.

Нашите патриотски песни ја чуваат вистината за нашето потекло, за нашата борба, за борбата на нашите најголеми херои и нивната жртва токму затоа и идејата ни беше да им го продолжиме векот на песните и да ги доближиме до младите луѓе, кои, за жал, сѐ поретко растат со македонска музика. Идејата на овој проект е да го обедини македонскиот народ во вистината која носат овие патриотски песни, на кои сакаме да им дадеме свој печат, своја емоција. Поделби не ни требаат“, рече на денешната прес-конференција Бојана Скендеровски, која воедно го најави и концертниот караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци.

Планирано е да се одржат концерти во неколку македонски града, а завршниот е закажан за во Скопје.

Continue Reading

Забава

Тејлор Свифт проголта бубачка среде концерт (ВИДЕО)

Published

on

За време на говорот, пејачката наеднаш почнала да кашла и ја ставила раката преку устата, а потоа ја известила публиката: „Голтнав бубачка, извинете“. Тогаш таа се насмеа и рече: „Добро сум, ова е толку глупаво. Вкусно. О, Боже. Има ли шанси никој од вас да не го видел ова?“

Видеото стана вирално и собра стотици илјади прегледи на социјалните мрежи.

„Најсмешно е колку сите се тивки“, напишал еден обожавател, додека еден тиктокер коментирал: „Всушност можете да ги видите инсектите како летаат низ воздухот“.

„Ова е моето омилено нешто што ѝ се случило досега“, напишал друг обожавател, а бројни тиктокери коментирале дека пејачката одлично се справила со тешката ситуација.

За потсетување, нејзината турнеја е полна со вирални моменти. Некои обожаватели отидоа дотаму што носеа пелени на концертот за да не пропуштат ниту еден момент, а неодамна се појавија обожаватели кои тврдат дека не се сеќаваат на концертот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк