Connect with us

Скопје

ТАГА ВО СКОПЈЕ: Почина Мемет продавачот на „Лице в лице“

Published

on

Лице в лице“ информира дека починал 21-годишниот Мемет, кого скопјани го познаваа од дебармаалските улици.

Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од „Лице в Лице“.

Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало, стои на социјалните мрежи.

„Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него. Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските“, се вели во објавата.

Скопје

Грабеж во Стопанска банка во „Беверли“ во Скопје, маскиран им ги зел парите и избегал

Published

on

Грабеж утринава се случил во Стопанска банка во трговскиот центар „Беверли“ во населбата Капиштец во Скопје.

Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари, по што лицето избегало со пленот.

Очевидци за А1он сведочат дека сите вработени од банката излегле надвор, а веднаш стасала и полицијата и екипи на крим техника кои вршат увид. Информацијата за А1он ја потврди и МВР, но засега не споделуваат повеќе детали.

Continue Reading

Скопје

Јака маичка држи Арсовска (Фото)

Published

on

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во баш чудна комбинација го пречека амбасадорот на Полска во Македонија, Кшиштов Гжелчик. Нејзиниот избор на облека не ги остави рамнодушни ниту јавноста ниту модните критичари. И овој пат за Репортер со својата модна приказна зборува модната критичарка која носи име The Other Lagerfeld.

Целиот текст ТУКА

Continue Reading

Скопје

Во Бутел со експлозив разнесен банкомат

Published

on

Утрово во скопската населба бутел со експлозив бил разнесен банкомат. Инцидентот се случил улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, а засега нема информации за повредени.

Како што велат очевидци, полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.

Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“.

Од МВР информираат дека утрово во 3:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

-Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк