Албанската пејачка Ава Макс (29) синоќа настапи во Лос Анџелес каде била нападната од непознат маж од публиката.
Имено, младиот човек се качил на бината и и удрил шлаканица на пејачката, а обезбедувањето веднаш го отстранило од концертот.
На социјалната мрежа Твитер се појави видео од инцидентот, а таа продолжува да пее, но во еден момент се фаќа за главата и паѓа на колена.
По концертот Ава Макс рекла дека од ударот добила повреда на окото.
Fan jumps on stage and scratches @AvaMax tonight during ‘The Motto’ pic.twitter.com/r3ZLR2cEkx
— matt (@intomattyou) June 21, 2023
Пред само два дена, уште една пејачка со потекло од Македонија од албанско семејство Бебе Реџа, на настап во Њујорк беше погодена со телефон во главата, откако покажа двоглав орел, симболот на Голема Албанија, со рацете.
Таа тогаш итно го прекина концертот и заврши во болница, со три конци на главата.
