Connect with us

Македонија

Внукот на Али Ахмети го купи трговскиот центар Соравија среде Скопје

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.

Дрин Ахмети, внук од братот на Али АхметиФекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“. Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3., пишува „МКД.мк“.

Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат.

Македонија

Уживајте во сонцето уште викендов, потоа доаѓаат многу врнежи

Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник ќе ни започнат и обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец.

Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до околу 20 степени. Тоа значи дека викендов ќе имаме температури над просекот за месец ноември.

Се на се, Антициклонот, односно полето со висок воздушен притисок полека ќе слабее а веќе од ноќта кон вторник ќе подпаднеме под влијание на циклонска активност со центар над Џенова која како што претходно кажав ќе услови да имаме многу врнежи и силен јужен ветер. Токму околу ова во следните мои метео објави следува детална метео анализа и актуелно МетеоАларм предупредување.

МетеоАларм

Continue Reading

Македонија

Изминатите четири дена лишени од слобода 11 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1518 сообраќајни прекршоци

Во периодот од (10/13.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 64 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Continue Reading

Македонија

Kандидатот за градоначалник на Аеродром, ќе стане потпретседател на СДСМ

Александар Трајановски, кандидатот за градоначалник на Аеродром, ќе стане потпретседател на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Трајановски, ќе ја заземе функцијата потпретседател на СДСМ.

Ова го соопшти лидерот на партијата, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во контекст на промените во СДСМ по големиот пораз на локалните избори. Според Филипче, Трајановски е исклучително посветен на партијата и имал успешна кампања на изборите, поради што ќе биде значаен за новата улога.

Трајановски е лекар по професија и досега беше член на извршниот одбор на СДСМ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг