Connect with us

Македонија

Колку треба да си нарцисоиден за да мислиш дека имаш право да воспитуваш туѓо дете

Published

on

Колку треба да си нарцисоиден за да мислиш дека имаш право да воспитуваш туѓо дете, не само без дозвола, ами и против волјата и убедувањата на родителите на тоа дете! И тоа пазете, не за било што, туку за сексуалност и родови идентитети!

Деновиве читам и слушам како повеќемина активисти од разните лгбти невладини организации и неколкумина пратеници отворено кажуваат дека целта им е „од најрана возраст“ да ги запознаваат и „образуваат“ децата со различни поединости од она што е нивниот светоглед по прашање на човечката сексуалност и т.н. родови улоги и идентитети.

Кој им дал такво право? Или од каде им е дрскоста дека тие можат да си го земат тоа право на себе?

Ако човек решил да нема деца или да живее одреден животен стил кој не може да резултира со раѓање на деца, што е сосема легитимен личен избор, тогаш зошто би сакал да има збор во (сексуалното) воспитување на туѓи деца?

Еве ја кулминацијата на нарцисоидноста кај дел од нив – тие веруваат дека знаат подобро од родителите на децата, та затоа се дрзнуваат да прават такви (дури морничави) испади!

Затоа велам, суверено и неотуѓиво родителско право е секој родител да го воспитува своето дете по сопствени убедувања по прашања на вероисповед, националност, човечката сексуалност, семејни улоги итн., па затоа никој не смее да помисли да се допре до децата и да ја злоупотреби позицијата на авторитет која ја ужива образованието во животот на детето, та на таков перфиден начин да се пренебрегне родителот по овие прашања.

По некои прашања едноставно не постои компромис, а колку побрзо се разбере тоа, толку побрзо ќе има мир и секој ќе може да си го живее животот како што сака…

Линк од објавата: h

ttps://m.facebook.com/story.php?story_fbid=6567773759941763&id=100001276120769&mibextid=Nif5oz

Македонија

Полицијата изминатиот викенд напишала 1711 казни – еве за што најмногу се казнувало

Published

on

Изминатиот викенд 1711 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 828 за брзо возење

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1711 издадени платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите по однос на брзината на движење. Истовремено детектирани се 148 возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 70 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.

Покрај ова согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 184 прекршоци се изречени за недозволено, односно неправилно паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 заради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11 пешаци.

По основ пак на Законот за возила, викендов 37 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Continue Reading

Македонија

ДУИ: „Охридско лето“ без албанска култура – уште едно сведоштво за системско исклучување

Published

on

Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво присуство на албанската култура во официјалната програма. Во држава каде што Албанците претставуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на секој албански елемент од еден национален фестивал е неприфатливо и загрижувачко.

Официјалната програма на „Охридско лето“ вклучува концерти, театарски претстави и специјални вечери посветени на европските култури, но нема ниту една музичка, театарска или изложбена активност која го претставува богатото албанско културно наследство. Овој културен молк е сам по себе порака за исклучување и доказ дека односот кон албанската култура во државните институции е маргинализирачки, а не претставнички.

Иронично, фестивалот беше отворен во присуство на претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Беџаj, но тоа не беше доволно за организаторите да размислат за вклучување на албанскиот јазик и култура во програмата. Не само што нема присуство на албански уметници, туку целосно недостасуваат точки кои би ја отсликале албанската идентичност, традиција и современа уметничка креација во Северна Македонија.

Албанската култура е и треба да биде природен дел од секој национален културен настан. Нејзиниот изостанок од ваков настан не е само организациско прашање, туку показател за исклучувачка политика која се продлабочува во институционалниот систем на културата.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради ваквиот исклучувачки пристап и повикува одговорните институции да дадат објаснувања за ова целосно занемарување. Владата, Министерството за култура и раководството на фестивалот мора да сносат одговорност за недостигот на претставеност на еден од клучните заедници во државата, не само во јазикот, туку и во духот, уметноста и идентитетот.

ДУИ ќе продолжи да го штити културниот диверзитет и, во тој контекст, достоинственото претставување на албанската култура на сите институционални нивоа, со увереност дека културата не исклучува, туку е столб на соживотот и општествениот развој, стои во соопштението на Демократската унија за интеграција.

Continue Reading

Македонија

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Published

on

На 13.07.2025 во 05.30 часот во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода Т.Ј.(52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

На 14.07.2025 во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта.

На 13.07.2025 во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против тројцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг