Connect with us

Скопје

Скопје тоне во ЃУБРЕ – Градоначалниците ќе решаваат како да го решаваат сметот

Published

on

Во Скопје деновиве не се собира смет поради протест на вработените во Комунална хигиена кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градот е полн со смет, а градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги од други општини синоќа почнаа да го чистат насобраното ѓубре, додека од Општина Центар најавија дека од утрово сами почнуваат со чистење на ѓубрето.

На состанокот, градоначалниците од Скопскиот плански регион ќе излезат со свој став за настанатата состојба.  

Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да најдат соодветно решение за собирање на сметот. 

Инаку, вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа.

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но вели дека разговорите ќе продолжат од оваа недела.

Скопје

Ѓорѓиевски: По 30 години, конечно започна реконструкцијата на патот кон Пеленица

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека по цели 30 години започнува целосната реконструкција на патот што води кон Пеленица, значајна делница за жителите на Кисела Вода, Драчево и околните населени места.

„Тридецениската голгота завршува тука. Патот кон Пеленица го добива својот нов лик, а мојот народ – безбеден сообраќај“, истакна Ѓорѓиевски.

Проектот, кој се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски, опфаќа реконструкција на патот на потегот од универзитетот „Јустинијан Први“ до границата со општина Студеничани. Делницата е долга 3.370 метри и широка околу 6 метри. За првпат се гради и тротоар од едната страна, што ќе ја подобри безбедноста на пешаците.

Дополнително, се работи и на целосно третирање на атмосферските води преку поставување на цевки со пречник од 1000 милиметри и вградување каналетки за одведување на водата.

„Ова е јасна демонстрација на заедничката посветеност на локалната и централната власт во решавањето на долгогодишни инфраструктурни проблеми. Продолжуваме силно и посветено, затоа што мојот народ заслужува. Најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.

ВИДЕО

Continue Reading

Скопје

Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со брзина од 121 км на час на место каде дозволената брзина е 50 км на час

Published

on

На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Лицето било приведено во полициска сртаница и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик -„Безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading

Скопје

Невремето го одложува слетувањето – авион од Базел кружи над Скопје

Published

on

Патнички авион кој сообраќа на релација Базел – Скопје веќе подолго време кружи над македонскиот главен град поради нестабилни временски услови што го отежнуваат безбедното слетување на скопскиот аеродром.

Според последните информации од метеоролошката станица на „Меѓународен Аеродром Скопје“, во 15:20 часот е регистрирано нестабилно време со грмежи, засилен северен ветер и локални врнежи. Ветерот дува со брзина од 11 јазли од север (340°), а во налети достигнува и 15 јазли со променлив правец.

Иако видливоста е оценета како добра, на 3.000 стапки има грмежливи облаци, а на 6.500 стапки се забележани расеани облаци, што дополнително ја усложнува ситуацијата. Поради овие услови, авионот е ставен во кружен режим и чека зелено светло од контролата на летање за безбедно приземјување.

Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, а патниците се замолуваат за трпение додека не се создадат услови за сигурно слетување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг