Connect with us

Македонија

Нов скандал на директор од Алијанса за Албанците: Си подарил комбе на џамија во Арачиново

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, кој доаѓа од Алијанса за Албанците, доделил комбе на џамија во Арачиново, трактор со приколка на Oпштината Арачиново, а најави дека донации со одобрение на Владата ќе добие и Бигорски манастир. Пофалбите за донациите ги сподели самиот директор на својот Фејсбук профил.

ФЕЈСБУК Дритон Небиу, дитектор на агенцијата за управување со одеземен имот

Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана.Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука.

По серијта негаттивни коментари на социјалните мрежи, тој преку соопштение информира дека агенцијата не направила никаков прекршок и работи во интерес на граѓанскио сектор.

Неговиот сопартиец Кренар Лога од Алијанса на Албанците исто така е познат по предизвикување на бура од реакции за предлози кои ја шокираат јавноста. Последно, тој им противречи на одлуката на Уставниот суд за графата за етничка припадност во  изводите на матичните книги. Иако експертската јавност и уставните судии сметаат дека негоивот предлог е против уставен, тој е упорен и вели дека ќе донесе ново упатство со кое ќе ја негира одлуката на Уставен.

Ништо поразлично не е ниту со министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој го разреши директорот на  Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, па откако јавноста реагираше  му понуди советничко место во минситерството.

Министрите и директорите на Алијансата на Албанците не запираат да шокираат со изјавите и одлуките кои ги носат.

Македонија

Македонските кардиохирурзи Колев и Џелили се обучуваат за операции во Франција

Кардиохирурзите од ЈЗУ Клиника за кардиохирургија – Скопје, д-р Александар Колев и д-р Кујтим Џелили, престојуваат на Универзитетската болница во Бордо, Франција, каде што посетуваат специјализирана работилница посветена на најсовремените техники во кардиохирургијата.

Под менторство на професорите Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, тие се обучуваат за минимално инвазивни процедури, како и за употребата на роботскиот систем „Да Винчи“ при поправка на митралниот залисток. Во текот на престојот, двајцата лекари имаат практични тренинг-сесии со работа на реални модели, применувајќи дел од најновата медицинска апаратура што се користи во водечките кардиохируршки центри.

„Кардиохирургијата постојано напредува и наша должност е да останеме во тек со новитетите, со цел да им обезбедиме врвен третман на пациентите во Македонија“, истакнува д-р Колев.

Престојот во Франција е дел од континуираните активности за подигање на стандардите и воведување на напредни хируршки техники во домашното здравство.

Continue Reading

Македонија

Се одржа 38. средба на Заедничката историска комисија: Фокус на новите учебници по историја за основците

Во Скопје вчера и денеска се одржа 38. редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, согласно годишниот план за работа.

На состанокот, македонскиот тим ги достави новите учебници по „Историја и општество“ за петто и шесто одделение, по што се отвори дискусија за идниот пристап и методологијата при разгледувањето на наставните содржини. Темата ќе биде дополнително разработена на следната средба.

Во рамките на состанокот беше потпишан записникот од 31. седница, а продолжија и разговорите за усогласување на текстот од записникот на 32. средба.

„Македонскиот тим преку својот проактивен пристап продолжува да гради доверба и да бара одржливи решенија, засновани на взаемно почитување и признавање на правото на различна историска перспектива,“ се наведува во официјалното соопштение.

Следната средба на Комисијата е закажана за првата половина на декември во Софија, каде ќе продолжат разговорите за усогласување на образовните содржини и препораки.

Continue Reading

Македонија

Алиу: Не сме добиле покана од Владата, но нема да ја одбиеме

Демократската партија на Албанците (ДПА) е подготвена да разгледа можност за учество во Владата, доколку добие официјална покана. Ова денеска го изјави членот на Централното претседателство на партијата, Имер Алиу, по одржувањето на Централното собрание.

„Немаме добиено официјална покана, но не би ја одбиле. Ќе разговараме со сите, вклучително и со Владата“, рече Алиу. Тој посочи дека политичката агенда на ДПА можеби не е идентична со онаа на владејачките партии, но дека дијалог треба да има.

Осврнувајќи се на резултатите од локалните избори, Алиу порача дека поразот на ДУИ не треба да се гледа како „национална трагедија“, туку како политички процес што носи нови обврски за тие кои сега се дел од власта.

„Многу ветувања беа дадени. Сега е време тие да се реализираат. Албанската партија во Владата нема простор за изговори и ќе ја повикуваме на отчетност“, истакна Алиу.

На денешното Собрание, ДПА формираше и Координативно тело кое ќе ги води понатамошните активности на партијата. Партијата најавува дека ќе продолжи да врши притисок и надзор врз носителите на функции и на локално и на централно ниво.

ДПА до локалните избори беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Лидерот Мендух Тачи претходно тврдеше дека на парламентарните избори таа коалиција била посилна од ВЛЕН, но последните изборни резултати го променија политичкиот распоред меѓу албанските партии.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг