Connect with us

Балкан

Во невремето во Србија загина дете – НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СУПЕРЌЕЛИСКА ОЛУЈА !

Силен дожд проследен со грмежи и ветер ја зафати во петокот вечер Србија. Најпогодена е Војводина, каде ветерот соборуваше дрвја, причинувајќи материјална штета. Одделот за итна помош спаси пет лица, една жена е повредена, а десетгодишно дете загина во Нови Сад од струен удар или гром.

Поради невремето без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља, Футог, Зрењанин. Невремето ги погоди и Сомбор и Суботица кои исто така имаа прекини на електричната енергија.

Припадниците на Одделението за вонредни состојби на МВР спасија пет лица, од кои две деца. Меѓу нив е вработена во трафика во Нови Сад врз која падна дрво од невремето, а пожарникарите-спасувачи од Нови Сад спасија уште четири лица, меѓу кои и две деца од такси кое беше погодено од дрво.

Во Нови Сад, од невремто„одлета“ дел од покривот на Новосадски саем, а соборен е и кран на градилиштето во Детелинара, при што беа оштетени соседните згради.

И во Белград имаше пороен дожд со грмежи и силен ветер. Аеродромот Никола Тесла беше привремено затворен.

Во западна Србија, Шумадија и Поморавје е издаден црвен метеоаларм поради опасност од силен ветер и громови. Во останатиот дел од земјата, од страна Републичкиот хидрометеоролошки завод е издаден портоклаов метеоаларм што значи опасно време.

Во синоќешното невреме кое ја зафати Србија се регистрирани три жртви, пренесува РТС. Една повозрасна жена починала во пожар во Ковачица. Куќата се запалила откако гром удрил во дрвото во близина. Жената како што пренесуваат српските медиуми се обидела да го изгасне огнот во семејната куќа каде живеела сама. Итната медицинска помош констатирала смрт, а Вишото јавно Обвинитлество направило увид и не наредило обдукција.

Балкан

Полициска потера заврши со трагедија: Шестмина загинати откако автомобил со мигранти падна во езеро во Бугарија

Шест лица загинаа, а четворица се повредени во тешка несреќа кај Бургас, Бугарија, откако автомобил со мигранти слета во езерото Ваја за време на полициска потера. Возилото било регистрирано во Романија, а го управувал државјанин на Романија, пренесува Euronews.

Според извештаите, во автомобилот „Шкода“ се превезувале вкупно 10 лица. Преживеаните изјавиле дека се од Авганистан.

Потерата започнала околу 21:20 часот, кога полициска патрола забележала возило кое се движело со екстремна брзина и опасно маневрирало. И покрај дадените сигнали за запирање, возачот продолжил да бега и во два наврати го менувал правецот за да го избегне полициското блокирање.

Полицијата поставила двоен контролен пункт во близина на Бургас и се обидела да го сопре возилото со поставување шилци на патот. Возачот, меѓутоа, се движел многу блиску зад друго возило за да го оневозможи нивното користење, па дури и го удрил тој автомобил, изјавил заменик-министерот за внатрешни работи Ивајло Златанов.

По кратко време, возилото излетало од патот и паднало во езерото Ваја.

На местото пристигнале спасувачки екипи, но шест лица починале. Четворица преживеале, меѓу кои и возачот, и тие се пренесени во болница.

Според бугарските власти, ова е уште еден случај кој укажува на зголемениот ризик и трагичните последици од шверцот на мигранти и избегнувањето полициски контроли.

Continue Reading

Балкан

Србија во тревога: Можно е снајперистите да планираат атентат на Вучиќ

Српските безбедносни служби трагаат по двајца снајперисти кои, според информациите, можеле да имаат за цел директен напад врз претседателот Александар Вучиќ или предизвикување вооружен инцидент за време на протести.

Игор Бечиќ, пратеник од СНС и претседател на Комисијата за контрола на безбедносните служби, изјави дека во разузнавачките кругови не е исклучена можноста вклученост на „Кавачки клан“ во планирањето и логистиката, бидејќи претходно членови на кланот биле поврзувани со планови за атентат врз Вучиќ.

Претседателот Вучиќ потврди дека снајперистите се во Белград веќе три дена, а службите се во потрага по нив. Тие се добро финансирани, а идентитетот и целите на напаѓачите засега не се објавени.

Continue Reading

Балкан

Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 13, откриени сериозни пропусти во Домот за стари лица

Бројот на жртви од пожарот во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, откако синоќа почина уште една пациентка хоспитализирана со тешки повреди.

По пожарот, во УКЦ Тузла се хоспитализирани 30 лица, а во моментов на лекување се 13 пациенти, од кои тројца се на Клиниката за анестезиологија и реанимација (еден на респиратор), шест на Клиниката за белодробни заболувања, три на Клиниката за интерни болести и еден на Клиниката за урологија.

Обдукцијата на 11 од жртвите покажала дека смртта е последица на задушување, а телото на едно лице било зафатено од огнот. Истражната комисија открила бројни пропусти: неподвижните лица биле сместени на највисоките катови, персоналот бил само тричлен за 185 корисници, а се истражуваат и финансиското работење и управувањето со установата. Директорот на Домот поднесе оставка, а причината за пожарот сè уште не е утврдена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг