Connect with us

Македонија

,,Следниот фудбалски натпревар министрите ќе го играат во Идризово, ако бидат послушни“

Сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на блефот на министрите од ДУИ дека доколку опозицијата ги изгласа уставните измени тие се спремни да заминат во опозиција.

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, на министрите од ДУИ им порача, наместо оставки, да си подготват одбрани.

„Доста глумење жртви, разум и европски вредности зашто вие сте сѐ, освен тоа. И, да, може и фудбал да ви дозволат да играте во затвор, се разбира – ако сте послушни“, вели таа.

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска вели: „Министрите може и пресуди да си потпишат, нивен проблем“.

На социјалните мрежи таа пишува дека проблем на народот е нивниот криминал, нивното беззаконие, нивната алчност, нивната неписменост да прават и да потпишуваат штетни договори за Македонија.

„Овие проблеми ќе се решат, одговорност ќе има! Дополнително, како на мало дете, да повториме за власта во заминување: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата НЕМА да гласаат за уставните измени под бугарски диктат“, вели Стаменкоска-Трајкоска.

„Евтини трикови не ви проаѓаат повеќе. Оставките ќе ви ги завери македонскиот народ на следните парламентарни избори по што следниот натпревар во фудбал ќе го изиграте во ‘Идризово’“, коментира Мирче Аџиоски.

Пратеникот Миле Лефков смета дека министрите не се учесници во процесот на менување на Уставот и со оставките ја злоупотребуваат својата положба.

„Министерските места што си ги користеа за бизниси, за рекет, за провизии, за обезбедувања блиски, од денес јавно се користат и за ПОСРЕДУВАЊЕ при спроведување туѓи барања! Министрите НЕ се учесници во процесот на менување на Уставот, со ова ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат ПРОТИВПРАВНО да ПОСРЕДУВААТ во туѓ интерес! Кривично дело по дефиниција! Противправно посредување чл. 359 од КЗ.
(2) Тој што со искористување на својата службена или општествена положба или влијание ќе посредува да се изврши службено деіствие што не би смеело да се изврши, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, напиша тој.

Македонија

Уживајте во сонцето уште викендов, потоа доаѓаат многу врнежи

Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник ќе ни започнат и обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец.

Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до околу 20 степени. Тоа значи дека викендов ќе имаме температури над просекот за месец ноември.

Се на се, Антициклонот, односно полето со висок воздушен притисок полека ќе слабее а веќе од ноќта кон вторник ќе подпаднеме под влијание на циклонска активност со центар над Џенова која како што претходно кажав ќе услови да имаме многу врнежи и силен јужен ветер. Токму околу ова во следните мои метео објави следува детална метео анализа и актуелно МетеоАларм предупредување.

МетеоАларм

Continue Reading

Македонија

Изминатите четири дена лишени од слобода 11 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1518 сообраќајни прекршоци

Во периодот од (10/13.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 64 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Continue Reading

Македонија

Kандидатот за градоначалник на Аеродром, ќе стане потпретседател на СДСМ

Александар Трајановски, кандидатот за градоначалник на Аеродром, ќе стане потпретседател на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Трајановски, ќе ја заземе функцијата потпретседател на СДСМ.

Ова го соопшти лидерот на партијата, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во контекст на промените во СДСМ по големиот пораз на локалните избори. Според Филипче, Трајановски е исклучително посветен на партијата и имал успешна кампања на изборите, поради што ќе биде значаен за новата улога.

Трајановски е лекар по професија и досега беше член на извршниот одбор на СДСМ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг