Connect with us

Македонија

„Кога се срамат да кажат Македонија или дека Илинденско е македонско востание, коњаници не им поминуваат“

Published

on

Народот и сега како и целиот овој период е сплотен цврсто и бара силно национално единство зад националните и државните интереси. Власта е таа која што го игнорира својот народ, го понижува и се обидува да го раздели. Насилните обиди на власта да направи уставни измени удираат во ѕид. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат кои немаат врска со Копенхашките критериуми и се газење на достоинството на својот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека  Македонија бара фер шанса како и сите останати земји кои пристапувале кон ЕУ, а не преговори обременети со историски наративи и притисоци.

– Македонија бара институционални европски гаранции дека европскиот пат ќе биде предвидлив, а не подвижна цел која постојано ќе ни бега заради апсурдни ретроградни барања на Бугарија. Оваа власт за жал ниту кога преговараше, ниту кога прифаќаше не изгради национален и државен консензус. Сега сака тоа да го наметне како свршен чин кој Македонија треба да го прифати без поговорно потенцираат тие.

Од партијата потенцираат дека оваа власт пропушти толку многу подадени раце од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пропушти толку шанси да избори подобри позиции за Македонија. Сега преостанува само што побрзо да го стават ова прашање на пленарна седница и да се соочат со реалноста дека немаат ниту мнозинство. После тоа следен логичен чекор ќе бидат избори. ПР финти од типот на коњици не им поминуваат. Кога се срамат името Македонија да го споменат или пак да кажат дека Илинден е македонско востание, уште три коњици да организираат нема да им поминат. Прочитани се, а наскоро и ќе бидат казнети, стои во соопштението.

Македонија

Претседателката ги прими организаторите на еколошката акција „GENERALKA WEEKEND“

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со Гордана Софија и Ханес Јекл, извршни директори на компанијата „Man and Mountain“ и организатори на еколошката акција „GENERALKA WEEKEND“.

На средбата се разговараше за целите и активностите на овој настан, како и за подготовките за неговото годинешно издание. Соговорниците информираа дека станува збор за национален настан којшто се одржува во сите општини во земјава во вториот викенд од мај. Истиот вклучува волонтери, учесници од граѓанскиот и бизнис секторот, образовни институции, комунални и други јавни претпријатија, спортски и пензионерски клубови, месни и урбани заедници, национални паркови, коишто ја чистат нивната околина и го селектираат собраниот отпад, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Претседателката им оддала признание на организаторите на акцијата, нагласувајќи дека нивниот ангажман значително придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот. Според неа ваквите иницијативи не само што помагаат во заштитата на животната средина, туку и ги инспирираат граѓаните да бидат носители на позитивни промени во својата заедница создавајќи култура на еколошка одговорност.

Потенцирајќи дека дополнителна вредност на акцијата ѝ дава партнерството со неколкуте општествено одговорни компании, претседателката ја нагласила важноста и на придонесот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Македонски шуми коишто преку засадување на дрвја на неколку локалитети во земјава учествуваат во неа.

Претседателката со задоволство ја изразила својата подготвеност да се приклучи во активностите на оваа иницијатива и на други акции и настани поврзани со зголемувањето на еколошката свест истакнувајќи дека е потребна заедничка масовна активност во заштитата на природата.

Минатата година во оваа еколошка акција учествуваа околу 20.000 волонтери на повеќе од 400 локации во сите општини во државата и собраа повеќе од 300.000 килограми отпад, се вели во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Претреси во кичевско, пронајдено оружје

Published

on

Вчера, со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Засилено полициско присуство во Скопје, серија апсења, ова се деталите

Published

on

Денеска (18.02.2025) во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.О.(31) од Битола затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 17.02.2025 во 22.50 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 17.02.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 17.02.2025 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 17.02.2025 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Д.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк