(Видео) Поплавите во Словенија се гледаат од вселената: сателитските снимки го покажуваат размерот на катастрофата

Големи поплави ја погодија Словенија на крајот на минатата недела, додека во Хрватска бројни реки соборија рекорди кога станува збор за нивото на водата.

Поплавите се забележани и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на катастрофата, пишува „Н1“.

Според првата проценка, поплавената површина на овој простор е околу 13 километри квадратни.

Делови од Словенија се’ уште се поплавени, а многу патишта се затворени, јави денес словенечката новинска агенција СТА.

За вечерва се најавени нови врнежи со грмежи.