Connect with us

Македонија

Припадници на САЕ „Тигар“ го пронајдоа и извлекоа телото на давеникот од водите на Дојранското Езеро – објавени нови детали

На 13.08.2023 во СВР Струмица е пријавено дека околу 11.30 часот во Дојран, едно лице од педалинка влегло во водите на Дојранското Езеро, но набрзо потонало.

Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.

Регионалниот ЦУК Струмица денеска информира дека телото на давеникот во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне, доцна попладне пред стемнување е пронајдено. Инаку, лицето во почетокот на потрагата било непознато. Настанот се случил кога тоа лице било качено на пловило за рекреација, „педелинка“, што најверојатно се превртело, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек.

Телото на давеникот веднаш не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – практично видливоста е до 1м длабочина кога езерото е мирно. Но, попладне по 16 часот почнал да дува ветер и бранови со што видливоста се намалила уште повеќе.

Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. На лице место биле се ТППЕ и СВР Гевгелија, а и припадниците на граничната полиција биле во потрага со чамец, а од 16.00 часот специјалниот нуркачки тим, со 2 возила и 5 лица, од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ трагал по телото на давеникот. Во потрагата биле вклучени и гранична полиција Дојран со 2 полицајци и 1 чамец и ПС Гевгелија со 6 полицајци. Пред завршетокот на денот било пронајдено телото на давеникот. Поточно, во 19.15 часот од страна на специјалните сили нуркачи лицето било лоцирано, пронајдено и извлечено. Следи понатамошна постапка за случајот, преку јавен обвинител и лекар.

ЦУК апелира до граѓаните коишто рекреираат и одмораат покрај езера, море или река секогаш да ги почитуваат мерките на безбедност што се предвидени за престој во конкретно место или за користење пловни и други средства за рекреација, а и лично секогаш превентивно да имаат свесност за можните опасности во местата за одмор покрај вода.

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг