Connect with us

Балкан

Голем пожар во северна Грција, затворен е автопатот „Игнација“ (ВИДЕО)

Published

on

Првата порака им соопштила на жителите на Нипса, Етохори и Пефка да се движат кон Александрополис. Малку по 16 часот, втора порака ги повикала луѓето во Лутрос, Агнација, Аристино и Дорико да заминат.

Според противпожарната служба засега нема непосредна опасност за тие населени места, но силниот ветер и чадот им отежнуваат на околните жители.

https://youtu.be/14D1-UnMNy8

Претходно, Цивилната заштита издаде СМС предупредување до жителите на Мелиа, Нипса, Пефка и Лутрос, апелирајќи да останат будни и да ги следат упатствата на властите.

https://fb.watch/mwY571weMA/?mibextid=Nif5oz

Властите го затворија автопатот Игнација во двата правци до спојот на индустриската област Александрополис поради густиот чад. Сообраќајот се пренасочува по патниот правец Ферон-Александрополи, а се молат возачите и граѓаните да бидат особено внимателни и да ги почитуваат упатствата на полицијата, пишува Катимерини.

Балкан

ФОТО: Албанско семејство уапсено во Солун СО ПОЛА ТОН КОКАИН

Published

on

Oбвинителството за наркотици при Солунската дивизија и ДЕА, разбија „семеен бизнис“ на 50-годишен Албанец, кој заедно со сопругата и двајца внуци се осомничени за шверц на дрога откако кај нив се пронајдени 580 килограми кокаин.

Партнер на семејството бил и маж кој е роден во Албанија, кој поседувал грчка лична карта, а полициски извори наведуваат дека никој од уапсените претходно не бил во фокусот на органите на прогонот. Огромното количество дрога е пронајдено во две возила и во куќа во која живееле тројца од членовите на криминалниот круг.

Против нив поединечно е поднесена списа за злосторничко организирање и за нелегална трговија со дрога, оштетување на странски имот и пружање отпор. Забележано е дека 50-годишниот Албанец е водач на групата, со главна улога во увозот на големи количества кокаин од земјите од Латинска Америка и нивно натамошно движење на грчка територија, но и во европските земји.

Continue Reading

Балкан

Ова е еден од убиените Срби – Игор Миленковиќ, возач на Брза помош

Published

on

Во вооружен судир со косовската полиција загинаа четири лица од српска националност, од кои еден е идентификуван како Игор Миленковиќ.

Во вооружената пресметка четворица Срби, меѓу кои и Игор Миленковиќ, беа убиени од косовската полиција во Бањска.

Игор Миленковиќ (50) работел како возач на Брза помош во Клиничко-болничкиот центар на Косовска Митровица.

Престрелката со косовската полиција се случи откако беше убиен полицаецот Африм Буњак.

Двајца од Србите биле убиени од косовската полиција со снајпер. Косовската полиција пронајде поголемо количество оружје, а за дел од групата посочи дека пребегнала во Нови Пазар.

Video: https://youtu.be/_a2wxSNcwyk

Continue Reading

Балкан

ДРАМИ ВО КОСОВО: НАПАД од триесет вооружени лица!

Published

on

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека продолжуваат нападите врз косовската полиција, како и дека во нив учествуваат 30 вооружени лица.

„Како што многупати кажав, нападите врз косовската полиција продолжуваат, има најмалку 30 тешко вооружени луѓе, војска и полиција, кои се опколени од косовската полиција и кои ги повикувам да се предадат на нашите сили“, рече Курти на вонредна прес-конференција, пренесе „Еуроњуз“.

Тој го обвини официјален Белград дека ги финансира и раководи со постапката.

„Нашите полицајци, откако беа попречени на патот, беа нападнати со различно оружје, вклучително и рачни бомби. Денеска е тежок ден за нашата земја. Го осудуваме овој терористички напад. Злосторството е финансирано од официјален Белград. Ние го штитиме и спроведуваме законот и независно Косово“, додаде Курти.

Тој рече и дека сторителите и поттикнувачите на нападот ќе бидат фатени и казнети.

„Ги повикувам граѓаните да останат смирени и да покажат разумност дозволувајќи им на институциите да си ја вршат работата“, додаде тој.

Претходно беше објавено дека еден косовски полицаец бил убиен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк