Connect with us

Uncategorized

В недела по седми пат ќе се одржи планинарската акција „Милениумска патека“

Published

on

Планинарскиот клуб „Јелак“ на 13 октомври (недела), по седми пат ја организира веќе традиционалната планинарско-рекреативна акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора, која тргнува од селото Блаце и завршува во селото Волковија. 

Групата од Тетово ќе тргне со организиран превоз од пред Центарот на културата во 8 часот, а поаѓањето на колоната во Блаце е предвидено за во 9 часот. Во 14:30 часот е предвидено пристигнување на целта – црква „Св. Мина“, во Волковија со што се завршува акцијата.

– Акцијата спаѓа во лесни планинарско-рекреативни тури. Погодна е и за почетници, рекреативци и вљубеници во природата со минимум кондиција за движење, а поради туристичкиот и едукативен карактер интересна е и поискусни планинари. Поканети се сите поединци, планинарски клубови и друштва, информира Борис Стојановски-Цули, претседател на ПК „Јелак“.

Патеката има повеќе карактеристични точки. Се тргнува од Блаце, ширината во центарот на селото на 600 метри надморска височина и се оди кон црква „Св. Троица“ – Блаце (720 м н.в.) – изграден врз археолошки локалитет „Самовилска вода“ од старохристијанско време, кој опфаќа и извор кој според преданијата има лековито дејство.

– Следува црква „Св. Петка“, атар на с. Стенче – сместена на рид (880 м н.в.), како и археолошки локалитет – месност „Граиште“, с. Стенче (неолитска населба со наоди кои датираат од IX век п.н.е). Колоната потоа оди до црква „Св. Илија“, с. Стенче, црква „Св. Екатерина“, Стенчевска чука – видиковец кон Полог и Шар Планина, црква „Св. Георги Победоносец“, Волковска чука – сместена во некогашниот Волковски манастир кој датира од XIV век каде има движење низ пределот каде е сниман култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“. Целта на крајот е црква „Св. Мина“, село Волковија, каде ја завршуваме акцијата, информира Стојановски.

Секој учесник во акцијата треба да има лесни планинарски чевли, како и сопствена храна и вода доволни за 4-5 часа. Патеката е маркирана со стандардна планинарска маркација и патокази, но задолжително е движење во колона според насоките на организаторот и водичите од клубот. Пријавувањето е во клубот „Јелак“ до сабота на пладне.

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк