Connect with us

Спорт

Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Published

on

Познатите спортисти како Горан Пандев, Кирил Лазаров и Игор Стефановски -Иџе веќе нема да бидат дел од рекламните кампањеи на индустријата за игри на среќа соопшти денеска на прес конференција министерот за спорт Борко Ристовки. Рече дека со тројцата бил направен своевиден џенталменски договор. Ристовски сепак рече, дека Министерството, државата и тој лично немаат ништо против ако компаниите од оваа индустрија спонзорираат клубови и федерации.

Да појаснам дека ние немаме против против ниту една компанија да инвестира во спортот без разлика на нивната дејност, но не сакаме легендите да се истакнуваат во рекламите за обложувалници, казина или за брзи кредити. Нашата забелешка беше во таа насока. Веќе имавме разговори со сите спортисти кои рекламираа вакви фирми и направивме џентлменски договор со нив. Можам да потврдам дека Горан Пандев повеќе нема да ја рекламира обложувалницата што ја рекламираше, истото важи и за Игор Стефановски-Иџе и за Кирил Лазаров, кој веќе некое време престана да го прави тоа. Се надевам дека сите овие личности ќе ги видите од другата страна како промотори на вистинските вредости“, изјави Ристовски.

Ристовски денеска даде отчет за сработеноото во првите 100 дена од Владата. Потенцираше дека Министерството е насочено кон подобрување на инфраструктурата и финансирање преку програми за кои ќе се бара отчет.

Спорт

Коњановски: Победа на ФК Пелистер над ривалот Вардар во чест на роденденот на Битола!

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, им упати честитки на фудбалерите на Пелистер за големата победа над Вардар, со која градот ја прославува својата годишнина.

Во драматичен натпревар во последните моменти, капитенот на „зелено-белите“ Мирко Ивановски со гол во 92. минута го донесе триумфот за својот тим, победувајќи го ривалот Вардар со 1-0. Натпреварот, кој се одигра под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ во вечерен термин, привлече над 6.000 приврзаници на Пелистер, а атмосферата беше на ниво на вистинско дерби на македонскиот фудбал.

Овој историски момент ја прослави не само спортската победа, туку и силата на спортскиот дух и гордоста на Битола.

Continue Reading

Спорт

Галевски: Повикот во националниот тим е огромна чест за мене

Published

on

Младиот ракометен голман Иван Галевски се подготвува за претстојните два квалификациски натпревари за ЕП, каде избраниците на Кирил Лазаров ќе се сретнат со селекциите на Естонија и Литванија.

Чуварот на мрежата на Алкалоид е поради повикот во националниот тим и за него преставува чест и задоволство.

„Ова е мој прв повик за официјални натпревари во репрезентацијата. За мене е огромна чест, но чувствувам и огромна одговорност. Играме два меча со Естонија и Литванија, противници кои заслужуваат голем респект, но ние ќе дадеме максимум од себе и одиме на победа.

Мислам дека тука сум за да го оправдам повикот од селекторот и ќе се обидам да одговорам максимално на задачите. Ако ми се укаже шанса за настап, ќе бидам комплетно фокусиран и ќе го пружам најдоброто од себе за победа на нашиот национален тим“, изјави Галевски.

Continue Reading

Спорт

Пелистер со гол во 92. минута го победи Вардар во вечното дерби

Published

on

Вардар беше подобар противник, создаде значително повеќе шанси во текот на второто полувреме, но бодовите останаа во Битола, Пелистер го доби дербито со 1-0, со гол на Мирко Ивановски.

Пелистер и Вардар одиграа дерби како што само може да се посака, со прекрасна атмосфера која ја создадоа двете навивачки групи. Актерите на теренот не беа на тоа ниво, особено не во првото полувреме кога не се случуваше многу.

Натпреварот почна рамноправно, двете екипи се менуваа во иницијативите, така беше во првиот дел во кој речиси и да немаше посериозна шанса и на двете страни.

Работите се променија во вториот дел кога Вардар тргна по погодок, а Пелистер се повлече. Црвено-црните создадоа неколку одлични шанси, особено преку Дианиси кои пропушти најмалку три убави прилики да донесе водство за скопскиот тим.

За неискористените шанси казната стигна во 92. минута кога Мирко Ивановски постигна гол за ерупција во Битола, Пелистер поведе со 1-0, а тоа беше и конечниот резултат.

Ивановски поради начинот на кој го прослави голот доби втор жолт картон и мораше некоја минута предвреме да го заврши натпреварот.

Со оваа победа Пелистер се качи на седмото место со 16 бодови, а Вардар со двојно помалку е последен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк