Connect with us

Македонија

Синот на премиерот Христијан Мицкоски не престојувал во САД на државен трошок, вела од Антикорупциска комисија

Јован Мицкоски, син на премиерот Христијан Мицкоски, не престојувал во САД на државен трошок, оцени Антикорупциската комисија.

Авионските карти и хотелското сместување на Јован не биле резервирани ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече членот на ДКСК, Зоран Богоевски.

Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена поканата за државна делегација за НАТО самитот. Во делегацијата имало 21 лице, а на тој список не е наведено името на синот на премиерот.

Како што посочи Богоевски, за него биле доставени фискални сметки за исплата во готово, а за сместувањето лицето не престојувало во хотелите на државната делегација, туку во апартмани кои не се фактурирани во име на делегацијата, туку на физичко лице.

„Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту една официјална средба или состанок“, кажа Богоевски.

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading

Македонија

ВЛЕН: Решени сме да ја демонтираме културата на неказнивост

По повод Меѓународниот ден против корупцијата, коалицијата ВЛЕН испрати остра и јасна порака дека овој ден не е формалност за празни изјави, туку силен аларм за „болеста“ што со години ги разградува темелите на државата.

Од ВЛЕН нагласуваат дека корупцијата не е само кршење на законот, туку предавство кон граѓаните, кражба на иднината и уништување на јавната доверба. Според нив, корупцијата не се бори со зборови или документи „за око на јавноста“, туку со храбри одлуки, чесни луѓе и целосно отфрлање на компромисите со криминалот.

„Државата не се чисти со декларации, туку со карактер. Институциите не се градат со пропаганда, туку со интегритет. А правдата не е луксуз, туку обврска“, порачуваат од ВЛЕН, истакнувајќи дека се решени да ја демонтираат културата на неказнивост и да изградат систем во кој власта не е привилегија, туку одговорност.

Во соопштението се додава дека рамнодушноста значи соучесништво, а молкот – поддршка за неправдата. „Денес не е доволно само да се осуди корупцијата, туку мора да се искорени до корен“, велат од ВЛЕН.

Коалицијата повторува дека останува непоколеблива во своите принципи: нулта толеранција кон корупцијата, нулта компромис со криминалот и нулта страв од вистината.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола делумно ги исплати средствата на избирачките одбори

Општина Битола ја извести јавноста за утврдената постапка и динамика за исплата на финансиските надоместоци на членовите на избирачките одбори, кои беа ангажирани за реализација на локалните избори во 2025 година.

Од секторот за односи со јавност информираат дека, во согласност со законската обврска, веќе е реализирана исплата на 25 отсто од вкупната сума од буџетот на Општина Битола. За оваа делумна исплата, претседателите на избирачките одбори се соодветно известени.

Преостанатите 75 отсто од средствата се интегрирани и предвидени во Предлог-буџетот на Општина Битола за 2026 година. Овој предлог-буџет е веќе доставен до советниците во Советот на Општина Битола и се очекува да биде изгласан пред завршувањето на тековната календарска година.

Од Општината нагласуваат дека финалната исплата на надоместоците за сите членови на избирачките одбори ќе биде реализирана во текот на првиот квартал од следната година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг