Connect with us

Uncategorized

Колку чинат становите по општини во Скопје, ЗА 100.000 ЕВРА ЕВЕ ШТО МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ

Цените на становите непрекинато растат, од месец за месец се крева цената на квадратот, но како се креваат цените така и се повеќе се гради. Она што е зачудувачки во ваква ситуација, се повеќе се купува. А колку чинат сега становите во Скопје каде најмногу се купуваат.

Кога одлучувате да купите стан, 100.000 евра може да изгледаат како значителна сума, но какви опции реално нудат различните населби во Скопје.  Карпош и Аеродром нудат добра комбинација на цена и услови за живот, Центар е скап ама атрактивен, додека Ѓорче Петров и Кисела Вода нудат простор и мир.

„При изборот на стан, важно е да се разгледаат не само цените, туку и квалитетот на животот, инфраструктурата и достапноста на услуги. Секој купувач треба да ги разгледа своите приоритети и да избере населба која најдобро одговара на неговите потреби“, изјави експертот за недвижности, Марко Николов, за Денар.

Во Карпош, една од најпопуларните населби, особено за семејства со мали деца, за 100.000 евра можете да најдете станови со површина од 60 до 75 квадратни метри.  Овде цените се движат околу 1.300 до 1.500 евра за квадратен метар, па и повисоко.

Аеродром, познат по новите стамбени комплекси, нуди слични опции. За 100.000 евра, можете да најдете стан со површина од 65 до 85 квадратни метри. Цените на квадратен метар во оваа населба се движат околу 1.150 до 1.500 евра.

Центарот, како срцето на Скопје, нуди многу опции, но цените се значително повисоки. За 100.000 евра, можете да најдете мали станови, обично со површина од 40 до 55 квадратни метри. Цените во Центар се околу 2.000 евра за квадратен метар.

Во Ѓорче Петров, цените се многу поприфатливи. За 100.000 евра, можете да најдете стан со површина од 80 до 100 квадратни метри. Цените тука се околу 1.000 до 1.200 евра за квадратен метар.

Кисела Вода е уште една населба каде што можете да добиете добар стан за 100.000 евра. За овие пари, можете да најдете станови со површина од 70 до 90 квадратни метри, со цени од 1.100 до 1.300 евра за квадратен метар.

Извор: Вечер

Uncategorized

Коњановски: Почитта кон хероите се мери со делата што ги создаваме

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Петровски, афористичар, карикатурист, илустратор и сценограф, остави значителен белег во македонската и битолската уметност, а неговата посветеност кон творењето е препознатлива и денес.

За едногодишни достигнувања наградени беа: Игор Трајковски Фоја за значаен придонес во културата, актерот и режисер Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски за промоција на Битола преку современи медиуми, како и Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ за работа со лица со посебни потреби.

Градоначалникот Тони Коњановски им ги врачи наградите на добитниците, истакнувајќи дека почитта кон минатото се мери со делата што ги создаваат заедниците денес. Во рамките на свеченоста, уметничката програма ја изведе пијанистката Теодора Капинковска.

Continue Reading

Uncategorized

„Комуналец“ Битола поставува нови контејнери

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во градот, поставувајќи нови контејнери за селектирано собирање отпад на повеќе локации.

Со оваа акција се овозможува полесно и поефикасно одвојување на отпадот, особено на хартијата и пластиката, со што се поттикнува одговорно однесување кон животната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива и редовно да го селектираат отпадот, бидејќи секој мал чекор придонесува кон почиста и поодржлива Битола.

Continue Reading

Uncategorized

Коњановски: Битола продолжува со крупни инфраструктурни проекти

На последниот ден од септември, осумте кандидати за градоначалник на Општина Битола учествуваа на предизборна дебата во форматот „Директно“, организирана од ТВ Телма и Националниот демократски институт.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, нагласи дека еден од најголемите адути на неговиот мандат е изградбата на инфраструктурата во градот.

„Ако со нешто може оваа локална гарнитура да се пофали и гордее, тоа е инфраструктурата. Градот во изминативе четири години беше градилиште,“ изјави Коњановски.

Тој потенцира дека се реализирани над 50 километри инфраструктурна мрежа, што, како што рече, во одредени периоди предизвикувало и застои во сообраќајот. „Направивме доста, се извинивме многупати затоа што едноставно го попречивме одвивањето на сообраќајот, но над 50 километри инфраструктурна мрежа е направена и така ќе продолжиме во идниот период. На тоа се поклопи и проектот за топлификација,“ истакна Коњановски.

Градоначалникот посочи и дека е завршена првата фаза на булеварскиот влез во Битола, на потег од 800 метри, со коловоз широк 27 метри. „Тоа е она што граѓаните постојано го бараат – адекватни влезови. Во идниот мандат продолжуваме со влезот од страната на Охрид,“ додаде тој.

Како приоритетни проекти за следниот период ги најави санирањето на коритото на реката Драгор и изградбата на повеќе од 50 нови улици во рамки на програмата на Општината.

Во дебатата, која се одржа во дворот на Офицерскиот дом во Битола, учествуваа и останатите кандидати за градоначалници: Методија Куновски, Габриела Илиевска, Зоран Николовски, Васко Деловски, Мирјана Мирчевска, Кире Димов и Јорго Огненовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг