Connect with us

Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Скопје повторно ќе биде град на културата!

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва пристуваше на отворањето на деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал, ,,КинеНова”. Ѓорѓиевски не го криеше задоволството и на неговиот facebook профил напиша:

Скопје повторно ќе биде град на културата!

?️ На мое огромно задоволство, вечерва имав чест да присуствувам на едно од најубавите случувања во Скопје – на отворањето на деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал, ,,КинеНова”.

? Токму од ова место, од киното ,,Фросина” во МКЦ, а веќе од утре и за првпат досега, целата филмска програма ќе се одвива во Домот на култура ,,Билјана Беличанец” во Кисела Вода и ќе имаме можност да ги видиме возбудливите дебитанстки остварувања од младите режисери од Македонија и светот за кои сум убеден дека, ќе го задржат до крај вниманието на сите гледачи.

?️ Вечерва исто така, имаме можност да го проследиме и првиот долгометражен анимиран филм во Македонија, дело на Гоце Цветановски.

? Изразувам огромна благодарност до директорот на овој фестивал, Небојша Јовановиќ за поканата на овој прекрасен настан.

?Упатувам честитки до лауреатот за оваа година, познатиот австриски режисер Улрих Зајдл, добитникот на наградата ,,Златна грива.”

?? Вечерва беше навистина посебно да се биде во друштво со македонските и светските режисери и актери.

?️ На Скопје му недостасуваат вакви настани.
И Скопје, повторно ќе биде град на културата!

Скопје

Меџити: Чаир се чисти, наскоро подземни контејнери во сите населби (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека општината започнала засилена акција за чистење на јавните површини, како и нов проект за поставување подземни контејнери во сите маала.

„Чаир се чисти. Многу скоро ќе бидат поставени подземни контејнери во сите населби,“ соопшти Меџити.

Со ова, општината очекува значително подобрување на хигиената, намалување на непријатните миризби и спречување на растурањето на сметот околу контејнерите.

Поставувањето на подземните системи за отпад е дел од пошироката стратегија за модернизација на урбаното уредување и подигање на квалитетот на живот на жителите на Чаир.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Багери и екипи на терен: Започна расчистувањето на коритото на Вардар

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека не се заврши целосното расчистување на кејот.

Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачни екипи ги собираат пластичниот отпад и ситниот смет од косините.

„Во акцијата се вклучени сите екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ Скопје со целосен работен капацитет. Ќе работиме до комплетно расчистување на просторот,“ информираа од претпријатието.

Ова чистење е дел од најавената акција за подигнување на хигиената и уредувањето на јавните површини во градот, која ја иницираше новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, вакви активности ќе се реализираат и на други локации низ главниот град.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски најавува 55 автобуси од понеделник и уште 20 до Нова година – Скопје се сака со дела

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави значајно подобрување на јавниот превоз во градот, со воведување на 55 автобуси од понеделник и уште 20 до Нова година. Договорот со приватните превозници е постигнат за помалку од 48 часа по преземањето на функцијата градоначалник.

„Овој потег е сериозен исчекор кон стабилизирање и подобрување на градскиот транспорт“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека до март, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени дополнителни 80 нови автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.

„Заедно со градскиот воз и проектот БРТ, започнуваме циклус на трајно решавање на сообраќајниот хаос кој со години го оптоварува нашиот град“, додаде градоначалникот.

Ѓорѓиевски истакна дека е мотивиран да го направи Скопје достоинствено, чисто и современо место за живеење и им дал збор на граѓаните дека ќе успее во тоа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг