Connect with us

Uncategorized

Ова име е често и во Македонија: Има прекрасно значење во многу држави и култури

Published

on

Тие се љубезни кон својата околина и се многу посветени на луѓето со кои се опкружени.

Името Тина се користи во многу култури низ светот, па затоа го придружуваат многу интересни значења.

Во јапонската култура, Тина може да се напише со неколку знаци во јапонското писмо, од кои секоја има различно значење. На пример, еден од начините на кои се чита како „ти“ и значи „сјај“, додека другиот знак се чита како „на“ и значи „доверба“.

Според италијански извор, името Тина доаѓа од латинското име Валентина, што значи „силна“ или „храбра“.

Во муслиманските земји ова име значело „таа која е здрава“, бидејќи значи смоква, растение кое Египќаните  го користеле во медицината како лек за многу болести.

Странските извори покажуваат дека името Тина често се поврзува со други имиња и може да има различно значење во зависност од културата и јазикот.

Девојките со името Тина се благи и секогаш позитивни. Тие се љубезни кон својата околина и се многу посветени на луѓето со кои се опкружени.

Благодарение на нивната веселост и позитивниот однос кон животот, како и нивната намера да дадат добри совети на сите, тие секогаш и секаде се пречекани со раширени раце.

Ако познавате некоја Тина, испратете ѝ ја оваа приказна за потеклото и значењето на нејзиното име.

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк