Connect with us

Бизнис

Зошто Apple го забранија во Индонезија?

Published

on

Гореспоменатата забрана доаѓа како одговор на неуспехот на компанијата од Купертино да ги исполни барањата за домашни инвестиции на Индонезија.

Според Министерството за индустрија на Индонезија, телефоните не може да се промовираат на домашниот пазар бидејќи локалната „PT Apple Indonesia“ не ги исполнила барањата на земјата од 40% локална содржина за телефонски понуди.

„Apple“ инвестираше околу 95 милиони долари во Индонезија, а според извештајот, целта на компанијата е да изгради академии за програмери наместо да создава локални производствени капацитети, пренесува „MacRumors“.

Овој проблем за „Apple“ настанува во време кога компанијата бележи силна продажба на модели на „iPhone“ на глобално ниво, особено во Кина.

Кога станува збор за Индонезија, приближно 9.000 „iPhone 16“ уреди влегле во земјата преку лични нарачки од патници и персоналот, како и преку пошта, но овие уреди се строго ограничени на лична употреба и не можат да се продаваат комерцијално.

Извор: Б92

Бизнис

Враборување во Тетово, плата 55.000 плус бонуси

Published

on

Реномираната фирма ЕУРОГРАНДС, застапник за RAUCH – Bravo сокови, ORANGINA, VODA VRNJCI и GALA VODA објавува оглас за работна позиција

КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Реон: Тетово

Опис на работата:

  • Посета на маркети и примање на нарачки
  • Водење сметка за наплата

Потребни квалификации:

  • Задолжително претходно работно искуство минимум 5 години како комерцијалист​
  • Возачка дозвола – Б категорија

Ние нудиме:

  • Работно време 8:00 – 16:00 часот
  • Плата: 55.000 денари
  • Месечни бонуси

Вашата Професионална Биографија можете да ја доставите преку полето Брза Апликација.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведениве услови, ќе бидат контактирани!

Аплицирајте на следниов линк

https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/459332/Komercijalist-Tetovo/

Continue Reading

Бизнис

Квалитетот на горивата под лупа – Инспекциските контроли на македонскиот пазар се заоструваат

Published

on

Потпишан е договор за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива помеѓу Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Бирото за метрологија. Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, потпишан договор за соработка меѓу Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. Договорот за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива, има за цел заострување на контролите за квалитетот на течните горива и да обезбеди поголема сигурност за потрошувачите.

Договорот го потпишаа директорите на двете институции – Влатко Стојкоски од Државниот пазарен инспекторат и Седад Рушани од Бирото за метрологија, во присуство на министерката Сања Божиновска, со што ја формализираа соработката насочена кон поголема контрола и транспарентност во обезбедувањето на квалитетни течни горива.

„ Со овој потег, државата праќа јасна порака: неквалитетните горива немаат место на македонскиот пазар. Потрошувачите добиваат квалитет и сигурност, додека институциите покажуваат дека се посветени на повисоки стандарди и подобра заштита на јавниот интерес.“ истакна Божиновска.

Во изминатите пет години, и покрај склучените договори за соработка, беа реализирани незначителен број анализи на течни горива, а со овој договор се предвидува драстично зголемување на обемот на инспекциските проверки.  Инспекциските тимови ќе ја користат лабораторијата за мострирање и тестирање согласно однапред дефинирани годишни планови, но и за вонредни инспекции.

,, Според планот за 2025 година, кој е составен дел од договорот, ќе се извршат дури 220 анализи на квалитетот на горивата, со што се поставуваат повисоки стандарди за усогласеност со македонските регулативи и стандарди. “ истакна директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

„ Со овој договор, Бирото за метрологија ја става својата лабораторија – мобилна и фиксна – во служба на инспекциските тимови. Лабораторијата е акредитирана за 26 методи на тестирање и ќе овозможи брзи и прецизни анализи на квалитетот на горивата директно на терен.“ истакна директорот на Бирото за метрологија Седад Рушани.

Со користење на акредитираната лабораторија на Бирото за метрологија, инспекциските тимови ќе спроведуваат детални и брзи тестирања на терен, што ќе ја гарантира контролата на квалитетот и ќе испрати јасна порака дека неквалитетните горива немаат место на нашиот пазар.

Continue Reading

Бизнис

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки

Published

on

Во однос на странските инвестиции, Мицкоски го повтори ставот дека очекува за првпат да биде пробиена бариерата од една милијарда евра директни странски инвестиции.

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според него тоа е иднината и дека ќе бидеме меѓу првите земји во регионот кои тоа ќе го направат.

– Сакаме сето тоа легално да го канализираме во рамки на законот, но има премногу работи што треба претходно да се усогласат и тоа и го правиме – ги усогласуваме тие работи за да дојдеме до финалниот производ. Тоа е иднината и мислам дека ќе бидеме меѓу првите во регионот, ако не и први, такво нешто да направиме. Како ќе функционира, ќе видиме, но тоа по мене е иднината, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција посветена на новогодишната кошничка.

Вредноста на биткоинот за првпат денеска надмина 100.000 долари.

Во однос на странските инвестиции, Мицкоски го повтори ставот дека очекува за првпат да биде пробиена бариерата од една милијарда евра директни странски инвестиции.

– Заклучно со третиот квартал се 838 милиони евра, а до крајот на годината очекувам уште најмалку две инвестиции, а можеби и дополнителни две ќе објавиме што ќе биде добар сигнал и со што ќе бидеме меѓу водечките во регионот, ако не и водечки по глава на жител, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк