Connect with us

Uncategorized

Пак ли ќе „дивеат“ трговците со цените? Утре завршува евтината есенска кошница

Published

on

Цените на храната од „есенската кошничка“ ќе важат уште утре, односно заклучно со 31.октомври. Дали потоа трговците повторно ќе ги „вивнат“ цените не се знае. 

„Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање“, изјави деновиве премиерот Христијан Мицкоски

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека на сила е и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што се очекува дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец. 

Во меѓувреме, има надеж за граѓаните. Односно може да ја чекаат следната евтина кошница со храна.  

Владата најави дека мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Uncategorized

Меџити: Поголемиот дел од Алијансата против враќање кај ДУИ, вклучувајќи го и Арбен Фетаи и пратеници

Published

on

Првиот заменик-премиер на Северна Македонија, Изет Меџити, ги коментираше последните случувања во рамките на Алијансата за Албанците, нагласувајќи дека во партијата се води силна дебата и дека мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на лидерот Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да ѝ се приближи на ДУИ и Европскиот фронт.

„Во рамките на Алијансата на Таравари има жестока дебата, каде што огромното мнозинство не се согласува со својот лидер за да се вратат во канџите на ДУИ и Европскиот фронт, туку ќе останат во Владата,“ изјави Меџити во интервју за централниот дневник на Алсат М.

Тој ја оцени одлуката на Таравари како „необјаснива“ и „нетранспарентна“, алудирајќи дека можеби е донесена под притисок или уцена и дека не го претставува вистинскиот став на членството на Алијансата за Албанците.

Во својата изјава, Меџити го спомена и заменик-премиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, за кого рече дека му е потребен на Владата и изрази надеж дека ќе остане на својата функција. „Покажа транспарентност и капацитет за да управува соодветно,“ додаде Меџити.

Continue Reading

Uncategorized

Вреди формираше нова пратеничка група, колкумина од кај Таравари ќе останат?

Published

on

Денеска во Собранието е формирана нова пратеничка група на ВРЕДИ. Таа ќе брои девет члена и ја сочинуваат. Африм Гаши,Аднан Азизи ,Беким Ќоку, Калтрина Беќири,Имерлије Сали,Саранда Имери,Фериде Хаџиу,Мерита Колчи Коџаџику и Беким Сали.

Од друга страна неизвесно е дали крилото на Алијанса на Арбен Таравари ќе поднесе барање за нова пратеничка група и дали ќе го имаат минимумот од пет пратеници.

                Continue Reading

                Uncategorized

                Турска инвестиција од 25 милиони евра во Скопје – инвестиција потврдена на средба со директорот Димовски

                Published

                on

                Македонија станува се поинтересна за инвеститорите. Турската компанија Cavo Otomotiv изрази сериозна подготвеност да отвори нова фабрика во индустриската зона во Скопје во вредност од 25 милиони евра, што ќе отвори 500 нови работни места. Cavo Otomotiv е мултинационална корпорација која работи во автомобилската индустрија, дизајнира и произведува безбедносни производи и разни механизми и оперативни кабли. Компанијата освен во Турција, моментално е присутна и во Канада, Германија и Словачка, а потенцијалната инвестиција во рамки на ТИРЗ ќе има клучно значење како за Македонија, така и за Европа.

                Намерата за вложување беше потврдена на средбата меѓу првиот човек на Otomotiv, Кемал Амануел, со директорот на ДТИРЗ, Гоце Димовски.

                Беа истакнати напорите и посветеноста на Дирекцијата за ТИРЗ како институција која активно работи за подобрување на условите за инвестирање во соработка со Владата и сите засегнати страни, соопштија од ТИРЗ

                Претходно беше објавено дека турската Џагатај Кабло ќе ги прошири постоечките капацитети во Бунарџик, а со тоа ќе отвори 200 работни места и ќе се вложат 6 милиони евра во нов објект од 10 илјади квадратни метри.

                Последниве неколку недели и други странски инвеститори најавија нови капацитети или проширување на постоечките. Меѓу нив се американски „Алкараз“, турски „Казанџи холдинг“, француски „Акуо“.

                Најавен е и влез на нова компанија која ќе произведува бела техника во Скопје, целосно наменета за извоз. Се очекува да бидат отворени уште 200 работни места.

                Минатиот месец во штипската зона започна со работа канадска „Магна“, фабрика која ќе вработи до 500 луѓе кои ќе произведуваат електронски компоненти за автомобилската индустрија.

                Според последните податоци на Народната Банка минатата година завршила со рекордно нивно на странски инвестиции од 1 милијарда и 250 милиони евра. Последниот квартал бил најдобар кога вложувањата достигнале 400 милиони евра.

                Власта најави политики за привлекување нов бран странски инвестиции кои треба да донесат и до 6 милијарди евра во Македонија. Односно, инвестицискиот циклус треба да опфати изградба и реконструкција на  автопати, регионални и експресни патишта, железничка инфраструктура, изградба на пругата Табановце- Гевгелија која ќе е дел од Коридорот 10,  болници во Штип и Кичево и реконструкција на клиничка болница во Тетово. Парите за ова според вицепрмиерот Николоски дел се обезбедени во Буџетот, а дел ќе бидат позајмени.

                Continue Reading
                Advertisement
                Advertisement

                Трендинг

                Copyright © 2024 Булевар.мк