Connect with us

Македонија

ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа домаќини на 23-тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет со ЕУ

Published

on

Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски, најави дека Македонија била домаќин на 23-тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија. Настанот се одржа во Скопје и е дел од напорите за јакнење на дијалогот меѓу локалните власти на Македонија и ЕУ, со цел приближување кон европските стандарди и практики.

На состанокот, како гости присуствуваа шефот на Европската делегација Стефан Худолин, претседателката на Комисијата за државјанство и институционални работи при Европскиот комитет, Патрик Молиноз, и заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџински.

Ѓорѓиевски ги информираше присутните за важноста на локалните власти во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, нагласувајќи дека 70% од европското законодавство се имплементира на локално ниво. Тој истакна и дека, и покрај напорите за реформи, земјата е соочена со блокади и предизвици во процесот на европската интеграција поради билатералниот спор со Бугарија, кој, според него, внесува непотребни условувања.

Министерот потсети дека Владата веќе ја зголемила поддршката кон општините преку инфраструктурни проекти и најави дека како приоритет се поставени реформите за воведување комунална полиција и дигитални услуги за граѓаните.

„Македонија и нашиот народ заслужуваат европски стандарди и најдобри услови за живот“, рече Ѓорѓиевски, изразувајќи оптимизам дека земјата ќе успее да ги надмине пречките на патот кон ЕУ.

Македонија

Силен земјотрес ја стресе Грција – се тресеше и Македонија

Published

on

Земјотрес од 5.3 степени според рихтеровата скала ја погоди Грција. Земјотресот е почуствуван и во јужните делови на Македонија каде јавуваат граѓаните дека имало силно нишање во куќите.
Земјитресот е во близина на Неа Мудања а 62км одалечено од Солун на 10км длабочина.

Continue Reading

Македонија

МВР со детали за случајот на киднапирање на три годишно дете

Published

on

Триесет и петгодишна жена од Скопје со иницијали А.Б. вчера во 14 часот во полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека истиот ден околу 13.50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непозната жена на возраст од 45 до 55 години се обидела да ја грабне нејзината тригодишна ќерка.

-По примената пријава и преземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46), а за настанот е информиран и надлежен јавен обивинител по чиишто насоки лицето М.М. било писмено предупредено, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

Македонија

Тетовци направиле сообраќајка, па се истепале

Published

on

Тетовската полиција привела двајца жители на градот откако по сообраќајна незгода, физички се пресметале.

На 02.11.2024 година во 13.00 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово, ги привеле А.А.(35) од село Боговиње, и М.Б.(42) и Х.Б.(32) двајцата од село Порој, кои по случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, додека полициските службеници вршеле обезбедување на лице место од незгодата, случена на кружен ток од улицата „Видоје Смилевски Бато“ и улицата „Илинденска“. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк