Connect with us

Инфо +

Без струја повеќе тетовски села информираат од ЕВН

6.11.2024 (среда), повеќе тетовски села ќе останат без струја поради реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, спроведена од страна на екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ.

Дел од с.Гургурница прекин од 09:00 до 14:00 часот

Дел од с.Шемшово прекин од 11:00 до 14:00 часот

Дел од с.Џепчиште, објекти кои се наоѓаат на регионалниот пат во близина на гробиштата прекин од 11:00 до 14:00 часот

 

Advertisement

Свет

Погодена амбасада – силен напад врз Киев

Во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, Киев беше погоден од масовен руски воздушен напад со дронови, крстосувачки ракети и балистички проектили. Повеќе од 430 дронови и 18 ракети беа користени, при што беа погодени стамбени згради, медицински установи и други објекти.

Претседателот Володимир Зеленски обвини дека Русија извршила „злобен“ напад, при кој животот го загубиле најмалку четири лица, а 27 се повредени. Еден од ударите ја погоди и Амбасадата на Азербејџан во Киев.

Во главниот град избувнаа пожари во осум окрузи, а штета е пријавена и во приватни куќи, складишта и автомобили. Најтешко погодени се Дарницкиот, Дњепровскиот, Подилјскиот, Шевченковскиот, Голосијскиот, Десњанскиот, Соломјанскиот и Свјатошинскиот округ.

Continue Reading

Свет

Елитната руска единица „Рубикон“ создаде огромни проблеми за Украина – огромна промена на фронтот

Елитната руска единица „Рубикон“ – специјализирана за електронско војување и лов на оператори на беспилотни летала – драматично го менува соодносот на силите на фронтот и ја поништува некогашната предност на Украина во дрон-операциите, пишува „Фајненшл тајмс“.

Украинските оператори на беспилотни летала, кои речиси две години им нанесуваа тешки загуби на руските сили, сега се под постојан надзор и директни напади. „Рубикон“ комбинира борбени дронови, напредни системи за електронско извидување и брза ротација на своите тимови за да ги лоцира и елиминира операторите длабоко зад линијата на фронтот – дури и до 10 километри.

„Дронот можеш да го замениш, но пилотот е незаменлив“, вели украинскиот оператор Дмитро, кој раскажува дека за влакно избегнал смрт кога руски дрон почнал да го следи над шума во близина на бојните позиции.

Појавата на „Рубикон“ предизвика остар пресврт на дигиталното бојно поле, уривајќи ја една од најсилните тактички предности на Киев. Неговата ефикасност дополнително ја притиска украинската армија, која и онака се брани од поголемите и подобро финансирани руски сили.

„Рубикон е нашиот најголем проблем“, признава Артем Карјакин, украински војник од линијата кај Покровск – стратегиски важен град што, по една година жестоки борби, е на чекор од пад.

„Да Русите немаа толку добро обучени оператори на дронови, нивната пешадија немаше да може да навлезе во градот“, додава тој. „Во моментов, да се биде оператор на беспилотно летало е исклучително опасно.“

Continue Reading

Балкан

МПЦ–ОА донираше богослужбени материјали за македонската заедница во Тирана


Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија.

Во име на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и на Македонците голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

Како друштво, веќе неколку години по ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Додава дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добие календар треба само да се контактира со друштвото.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг