Connect with us

Uncategorized

Фирма од Дубаи стана сопственик на хотел од строгиот центар на Скопје

Компанијата Орка Хотел, во чија сопственост е хотелот „Ибис“ во строгиот центар на Скопје, има нов сопственик во Муфрима Инвестмент од Дубаи од крајот на минатиот месец. Засега останува непознато дали новиот газда ќе донесе ребрендирање на хотелот за кој при неговото отворање беше објавено дека се инвестирани 6 милиони евра.

Новото име на компанијата е Муфрима Хотел, а за назначен управител е Сашо Толески, консултант за недвижнини со повеќегодишно искуство од Дубаи. Во неговата биографија пишува дека има над 9 години искуство во недвижности и дека работел на проекти како Палм Џумеира и Марина Дубаи.

Инаку приходите на овој хотел минатата година изнесувале 1,75 милиони евра,а добивката била околу 230.000 евра. Хотелот кој е во непосредна близина на градскиот плоштад официјално имал 23 вработени.

Инаку „Ибис“ е отворен во 2015, како дел од франшиза на француски хотелски ланец,.на градежна парцела зад хотелот “Јадран”. Објектот се градеше паралелно со „Мериот“ – и двата блиску еден до друг.

Хотелот има седум ката и поткровје, а кога се изгради инвеститор беше „Евро­бал­кан хо­телс“ од Скопје. Инаку „Ибис“ има 110 соби, Дел е од групацијата „Акор хотелс“ („Accor Hotels“), хотелски синџир кој е присутен во 92 земји во светот со повеќе од 3.700 хотели и 480.000 хотелски соби.

„Угостителско-туристичката инвестиција се наоѓа во централното градско подрачје, близу сите владини институции, компании и атрактивни туристички дестинации и затоа е привлечен како за гости од бизнис секторот, така и за гости од областа на туризмот“, пишува во описот на самото претставување на „Ибис“.

Advertisement

Uncategorized

Коњановски: Почитта кон хероите се мери со делата што ги создаваме

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Петровски, афористичар, карикатурист, илустратор и сценограф, остави значителен белег во македонската и битолската уметност, а неговата посветеност кон творењето е препознатлива и денес.

За едногодишни достигнувања наградени беа: Игор Трајковски Фоја за значаен придонес во културата, актерот и режисер Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски за промоција на Битола преку современи медиуми, како и Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ за работа со лица со посебни потреби.

Градоначалникот Тони Коњановски им ги врачи наградите на добитниците, истакнувајќи дека почитта кон минатото се мери со делата што ги создаваат заедниците денес. Во рамките на свеченоста, уметничката програма ја изведе пијанистката Теодора Капинковска.

Continue Reading

Uncategorized

„Комуналец“ Битола поставува нови контејнери

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во градот, поставувајќи нови контејнери за селектирано собирање отпад на повеќе локации.

Со оваа акција се овозможува полесно и поефикасно одвојување на отпадот, особено на хартијата и пластиката, со што се поттикнува одговорно однесување кон животната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива и редовно да го селектираат отпадот, бидејќи секој мал чекор придонесува кон почиста и поодржлива Битола.

Continue Reading

Uncategorized

Коњановски: Битола продолжува со крупни инфраструктурни проекти

На последниот ден од септември, осумте кандидати за градоначалник на Општина Битола учествуваа на предизборна дебата во форматот „Директно“, организирана од ТВ Телма и Националниот демократски институт.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, нагласи дека еден од најголемите адути на неговиот мандат е изградбата на инфраструктурата во градот.

„Ако со нешто може оваа локална гарнитура да се пофали и гордее, тоа е инфраструктурата. Градот во изминативе четири години беше градилиште,“ изјави Коњановски.

Тој потенцира дека се реализирани над 50 километри инфраструктурна мрежа, што, како што рече, во одредени периоди предизвикувало и застои во сообраќајот. „Направивме доста, се извинивме многупати затоа што едноставно го попречивме одвивањето на сообраќајот, но над 50 километри инфраструктурна мрежа е направена и така ќе продолжиме во идниот период. На тоа се поклопи и проектот за топлификација,“ истакна Коњановски.

Градоначалникот посочи и дека е завршена првата фаза на булеварскиот влез во Битола, на потег од 800 метри, со коловоз широк 27 метри. „Тоа е она што граѓаните постојано го бараат – адекватни влезови. Во идниот мандат продолжуваме со влезот од страната на Охрид,“ додаде тој.

Како приоритетни проекти за следниот период ги најави санирањето на коритото на реката Драгор и изградбата на повеќе од 50 нови улици во рамки на програмата на Општината.

Во дебатата, која се одржа во дворот на Офицерскиот дом во Битола, учествуваа и останатите кандидати за градоначалници: Методија Куновски, Габриела Илиевска, Зоран Николовски, Васко Деловски, Мирјана Мирчевска, Кире Димов и Јорго Огненовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг