Connect with us

Спорт

Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме

Published

on

Ракометарите на Алкалоид со две победи над Вест Виена од Австрија изборија осминафиналето на Европскиот Куп.

Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од остварување на целта, но искажа критики за дел од играчите кои добија шанса да настапат на двомечот со австрискиот тим.

– Најважно ни беше да се пласираме во следната фаза и тоа го остваривме. Игравме против една квалитетна и млада екипа од Австрија која покажа на сите нас како се игра и како се бори до последен здив, на специјален и модерен начин. Им дадов шанса на сите играчи во овие два натпревари, знаев дека во моментов сме подобар и поискусен тим, малку и ризикувавме, но треба да знаеме со што располагаме. Морам да кажам дека сум незадоволен од презентацијата на неколкумина наши играчи, треба да работиме и сите да се свесни дека мора да менуваме стари навики доколку сакаме да бидеме на ниво кое јас како тренер го посакувам и ние како клуб Алкалоид го посакуваме. Загрижен сум, затоа што во иднина не очекуваат потешки натпревари. Околу следната фаза, не ги знам сите имиња на можните ривали. Но, од оние кои се тука, скандинавските екипи ни се непознаница, би сакал да го избегнеме Олимпијакос, но ќе видиме кога ќе ја добиеме целата листа, истакна Лазаров на прес-конференцијата по синоќешниот дуел со Вест Виена.

Алкалоид победи со 32:29 и со вкупни 70:56 оди во осминафиналето.

Спорт

Супер понуда за Алкалоид и Марко Митев: Германски тим нуди брдо пари за да го купи ВЕДНАШ!

Published

on

Еден од најдобрите македонски репрезентативци на Светското првенство (СП) беше талентираниот Марко Митев, кој со неговите извонредни настапи ја воодушеви публиката, но привлече и интерес од поранешниот европски шампион Магдебург.

Освојувачот на европската круна од 2023 година сака дополнително да го засили својот состав, па поради тоа е подготвен да плати 300.000 евра за веднаш да го купи Митев.

Митев има договор со Алкалоид до 2025 година, но екипата од Автокоманда би можела да го продаде за одлична сума на пари.

Македонскиот репрезентативец беше одличен во текот на целото СП и го покажа својот квалитет, кој очигледно го почитуваат и европските гиганти.

Continue Reading

Спорт

Марко Митев со блескаво издание на Светското првенство!

Published

on

По завршувањето на настапот на Македонија на Светското првенство во ракомет, статистиката го истакнува нашиот среден бек Марко Митев како еден од најдобрите играчи.

Митев одигра првенство за паметење:

👕 Одработени 5 натпревари

🤾‍♂️ Постигнати 22 гола од 36 обиди (61% успешност)

🎁 Остварени 14 асистенции

🏆 Освоени 2 МВП награди

Со оваа извонредна игра, Митев уште еднаш докажа дека е еден од клучните играчи за иднината на македонскиот ракомет. РК Алкалоид има причина за гордост!

Continue Reading

Спорт

ЗА ПОГОЛЕМИ РЕЗУЛТАТИ Е ПОТРЕБНА ПОГОЛЕМА ВЕРБА ВО СЕБЕСИ Селекторот Лазаров е задоволен од момците

Published

on

Се виде нашето неискуство. Ние имавме предности, но и слабости кои Франција ги откри и ги искористи. Криво ми е за неискористените пенали во првото полувреме, но во секој случај сум задоволен, порача селекторот Кире Лазаров.

Треба да бидеме задоволни, очекував тежок натпревар и мислам дека Французите воопшто не нѐ потценија. Ова го изјави слекеторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по завршувањето на вечерашниот натпревар против селекцијата на Франција, кој го загубивме со резултат 32:25.

Лазаров рече дека нашите ракометари одиграа квалитетен напревар, со висок ритам, дури и повисок од оној против Холандија.

– Се виде нашето неискуство. Ние имавме предности, но и слабости кои Франција ги откри и ги искористи. Криво ми е за неискористените пенали во првото полувреме, но во секој случај сум задоволен. Сакам само да им честитам на играчите и на стручниот штаб за она што го прикажаа на ова Светско првенство. Можеби можевме повеќе да постигнеме, но за големи резултати треба да се верува, а ние некако како да не бевме убедени – рече Лазаров.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк