Хрватската платформа за вработување „Пикџобс“ (PickJobs) објави невообичаен конкурс за избор на „Неработник на годината“. Наместо традиционалното сфаќање на работливоста, тие бараат личност која во 2024 година постигнала успех преку паметни стратегии како делегирање, автоматизација, ефикасно управување со времето или други методи што ја одржуваат рамнотежата меѓу приватниот и деловниот живот.
„Ова е уникатна можност за сите – вработени, самовработени, студенти или невработени – да покажат дека е можно да се биде продуктивен, а притоа да не се работи до исцрпеност,“ наведуваат од „Пикџобс“.
Конкурсот е отворен за сите, без оглед на професијата или локацијата, а учесниците можат да се пријават себеси или други, доставувајќи кратка приказна или видео што објаснува како ја намалиле работата, но ја зголемиле продуктивноста.
Целта на конкурсот е да ги инспирира луѓето кои се борат со преголем обем на работа, стрес и исцрпеност, како и да поттикне позитивни промени во работната култура преку флексибилни и одржливи практики.
Добитникот на титулата „Неработник на годината“ ќе добие парична награда од 1.000 евра, како признание за својот иновативен пристап кон работата и животната рамнотежа.
„Немам кислород“ е слоганот под кој денеска, точно напладне во речиси сите помали и поголеми градови во цела Грција, но и во градови во странство се одржуваат протести поради железничката несреќа кај Темпи на крајот на февруари 2023 година, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, јави дописничката на МИА од Атина.
Во железничката несреќа животот го загубија 57 лица, а според извештајот на експертот Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што резултирала со недостаток на кислород.
Паралелно беше објавен аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кои се слушаат повиците за помош, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, што беше и причина протестите да бидат под конкретниот слоган со цел семејствата на загинатите да побараат правда и „независно судство за сите“.
Аудиоснимките се од последните моменти на патниците од возот и според експертите, докажуваат дека дел од жртвите не загинале во сударот, туку од експлозијата што следела.
Во објавениот телефонски повик до 112, што е автоматски воспоставен откако мобилниот телефон препознал несреќа, се слуша женски глас што бара помош, вели „Не можам да дишам“, „Имам многу малку воздух“, а на крајот завршува со зборовите „Ќе умреме … Марти, те сакам“, што според медиумите во Грција, се упатени до нејзината 20-годишна пријателка што не ја преживеа несреќата.
Мајката на загинатата Марти, Мариа Каристиану, која е претседателка на Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ говорејќи за грчките медиуми посочи дека објавувањето на аудиозаписите „е начин да се изврши притисок врз истражителот да си ја заврши работата бидејќи ги знае овие работи“.
– Кога дознав дека моето дете умре, првото нешто што ми беше важно беше дали почувствува нешто или сè се случи пребрзо. Ова е важно мајката да го знае. Сите ни кажаа дека веднаш загина, а потоа дознавме дека 30 луѓе изгореле живи. Три минути нашите деца чекаа да умрат. Правдата ќе биде задоволена за овој криминал, на еден или на друг начин, посочи Каристиану за грчката телевизија „Мега“.
Протестот е организиран од Здружението на роднините на жртвите во несреќата „Темпи 2023“, а поддршка изразија од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Комунистичката партија и Нова левица, од синдикатот на вработени во јавниот сектор, од низа здруженија, како и од навивачки и анархистички групи.
Здружението на роднините на жртвите преку протестот бара веднаш да се спроведе истрага „за експлозијата на нелегалниот хемиски товар“ во товарниот вагон и „за пожарот во кој живи изгореа нашите најблиски“, како и кандидатот за претседател и до неодамна собраниски спикер Константинос Тасулас „да даде објаснувања пред неговата инаугурација на највисоката функција за закопувањето на предметите за Темпи во фиоките на Парламентот“.
Железничката несреќа се случи кусо пред полноќ на 28 февруари 2023 година во близина на месноста Темпи во централна Грција при директен судир на товарен и патнички воз кои се движеле на иста шина, а животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот дел студенти.
Како што јави репортерот на Фонет, девојката е тешко повредена, свесна е и ја лекува екипа на Брза помош.
Денеска во Србија има генерален штрајк, кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. На штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и многу компании, културни институции, ресторани, мали бизниси, организации… На штрајкот се одѕваа и синдикалците во државните претпријатија и градските администрации.
Земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Албанија, во близина на Скадар, тешко ја потресе Црна Гора. Се огласија граѓани од Улцињ, Челуга и Добри Води кои изјавија дека „добро го почувствувале потресот“.
Улцињ се тресеше“, „Многу се тресеше“, „Добро се тресеше“, опишуваат граѓаните за ЕМСЦ. И граѓаните на Шушањ напишаа дека земјотресот е „добро почувствуван“. Поблаги потреси се почувствувани во Подгорица која е на речиси 60 километри од епицентарот.
Се огласија и скопјани кои тврдеа дека почувствувале како се движи тлото. Земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија, а пријавиле граѓани од Драч, Тирана и други градови.
Засега не се знае дали има материјална штета. За потсетување, епицентарот бил на 57 километри југоисточно од Подгорица и 14 километри јужно од Скадар.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.