Connect with us

Македонија

Македонската гајда, босанската севдалинка и јапонското саке се новите ставки на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Секоја година, отприлика ова време, УНЕСКО заседава за да разгледа и усвои предлози за нови елементи на листата на заштитено наследство на планетата. Лани на неа се најдоа италијанското оперско пеење, бабиците од Кипар, Германија и Словенија, како и номадското сточарство на алпските фармери од Швајцарија. 

Оваа година номинирани се околу 700 обичаи и практики, од кои дел се веќе разгледани и усвоени на 19-тата сесија на Меѓувладиниот комитет кој заседава во Асунксион, Парагвај, а која започна на 2-ри и ќе трае до 7-ми декември. Денес, 5.12. е изгласан заедничкиот македонско-турски предлог на листата да се најде македонската гајда односно турскиот тулум, кој бил поднесен пред две години. Заседанието и гласањето за оваа ставка можат да се видат на снимката тука (на 1 час и 50 мин). 

До сега се изгласани и живописните украински велигденски јајца „писанки“, чија традиција се бележи и пред христијанството. Јајцата, украсени со детални шеми и премачкани со восочна техника, се препознатливи низ светот како дел од украинската традиција. 

Како нематеријално културно наследство е признаено и јапонското саке – меко вино од ориз кое се користи не само за пиење во локалните кафеани „изакаји“, на свадби и други свечености, туку и за готвење, на пример во рецептот за јапонската супа – рамен. Основните состојки се ориз, вода, квасец и „коџи“ – оризова мувла која го разградува скробот во ферментирани шеќери. За едно саке да биде признаено како јапонско мора да биде изработено од ориз одгледан во Јапонија. 

Помеѓу останатите практики, на листата се додадени и естонското традиционално јадење од компир „мулги пудер“, како и босанската севдалинка, а списокот до крајот на заседанието се очекува да биде и поголем.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг