Connect with us

Забава

Мизар за новите убави деца на Скопје и Македонија!

Published

on

Ќе напишам рецензија за вчерашниот концерт на Мизар, но не очекувајте никаква објективност од мене дека дури и со сила да се обидам нема да можам.

Тие кои ме познавате одамна знаете дека бев и сум исклучително голем фан. Така и ќе започнам. Се сеќавам точно на денот некаде 1991/2 кога на Зелено пазарче (на она истото каде што се продава овошје и зеленчук) ја купив касетата односно вториот албум на Мизар „Свјат Дримс“. Сѐ после ова одеше по некој природен тек на нештата или мојата желба да свирам, запознавањето со првиот албум „Девојка од бронза“, наоѓање на гаражни демо снимки од сите можни постави особено некои верзии на кои пее Горан Трајковски, па Вртев, следејќи ги сите откровенија на Мизар, па сите нови постави од Горан, па Нора, па Хармосини, Кисмет проектот на Горазд варијантата со девојката (нека ми прости ѝ го заборавив името). Да бидам малку реален сепак, некои од поставите имаа повеќе, а некои помалку успех.

Но, дури вчера во МКЦ сфатив дека секој кој „прошол“ низ Мизар имал причина или попрецизно минал дека така требало да биде за да можеме да ги слушаме во живо Мизар и во 2024 година. За жал, Мизар во постава со Горан Таневски имав можност да ги гледам само еднаш во живо пред платото на денешна зграда на влада, а тогашна ЦК. Беше групна свирка и звучеа страшно добро, а таа вечер со Деан Ќурчиев (Ќуре) мислам го запознавме и нашиот прв тапанар Пајо кој исто така беше фан на Мизар. Веќе на вториот концерт на кој бев присутен во Куршумли ан – Мизар имаа нов вокален изведувач односно пееше Нора наместо Таневски.

Во изминативе 3-4 години имав на некој начин подиректна врска, односно моите музички проекти меѓу другите локации ги снимав и правев во студиото на Нико (сегашниот вокал), „Вруток“, а таму проби правеа Мизар во горе доле екипа со вчерашната постава. Имав можност да ги слушнам неколку пати на проба и да ја осетам новата енергија. Ако не грешам Нико минатата година почна да пее бек вокали со Мизар за од оваа година да биде лид вокал. Истиот ден кога дознав за најновиот лајнап на Мизар, беше моментот кога започнав како Годо да го чекам вчерашниот ден за концертот во Скопје.

Денсинг салата на МКЦ вчера во ден недела кој не е не баш идеален ден за концерт на Мизар беше полна со народ како на времето. Локацијата за концертот е единствениот објект во Скопје кој во 2024 тоа и го залужил да биде. Пред концертот им се убацив на тонската проба и слушајќи ги како го нивелираат звукот свирејќи ја „Униније“ конечно ми дојде сознанието за она погоре што го напишав, за тоа дека секој што бил дел од Мизар бил со причина во Мизар за да остави трага, да остави ѕвездена прашинка и да ја пренесе на новите кои доаѓаат по него. И, сѐ ова за да може Горзад сето тоа да го склопи да звучи како што звучеше вчера – „силно и моќно – како да е направено за 2024 година“!

Влезот на концертот беше со новата ствар „Псалм 135“, а во првите 20 секунди присутните во МКЦ од кои повеќето не ги познаваа вокалните капацитети на новиот пејач Нико мислам дека беа разнесени од точноста, прецизноста и полниот израз на бендот. Некаде на половина песна знаев кој ќе биде муабетот утре у Скопје – „Мизар звучеа беспрекорно под конец“. На концерт бев со пријател странец кој да речеме има рафиниран музички вкус (малку повеќе џез) и кој за првпат ги слуша Мизар. Нему сите песни му имаа исто значење така што неговата констатација дека звучат како сериозен светски бенд има веројатно поголема објективна тежина од мојава рецензија. Скопје од доцните 80-ти и почеток на 90-тите вчера беше во МКЦ, но беа и нивните деца млади, некои претпоставувам ги донеле старциве на „сила“ да видат и да чујат како растеле. Но, тоа што мене особено ме импресионираше вчера е дека тие нови деца не слушаа некој стар бенд со носталгични звуци, туку слушаа зрел легендарен бенд кој произведува модерен звук.

Рецептот на Горазд – функционира и за младиве генерации.

После првите нови ствари кои ги отсвирија маестрално, со нови аранжмани започна серијата на концертот со старите ствари од „Униније“, преку „Дождот“, „Магла“ и очекуваната кулминација со „Девојка од бронза“ и хорскиот крај на сите заедно со публика и повик од истата „Разбудииииии се……разбудиииии се“!

После ова концертот течеше би рекол природно како што треба кон својот крај.

Тоа што сакам да го напишам на крај е дека ги имаме Мизар во 2024 година кои ако сакаат можат уште многу да донесат во нашево општество.

Влијанието на музиката е исклучително важно во развојот на генерации млади луѓе и тоа не само од аспект на музиката како уметност сама по себе. Факт е дека тоа на каква музика растеш, таа те води кон тоа какви книги читаш, како се образуваш, до моментот каков партнер(ка) ќе одбереш, другар, пријател, колега, дали ќе ти заминат некои од нив да станат монаси или да возат камион во САД, каде ќе се вработиш, дали ти ќе придонесуваш во социјално-општествена смисла за твојата земја одредена додадена вредност или нема и таканатака.

Мизар придонесуваат многу, веќе долги години, но тоа што ме радува е дека продолжуваат да го прават истото и тука ќе се, во Скопје, Македонија за децава во годиниве пред нас.

Извор: МКД.мк

Забава

Еве како навистина ужива Сашо Мијалков во Монако – малкумина го забележаа овој необичен детаљ

Published

on

Не, тој воопшто не се крие, и не се во прашање никакви странски служби, туку табиет е во прашање…

Ова видео предизвика бура од реакции

Видеото во кое се гледа како Сашо Мијалков заедно со уште едно женско лице излегува од скапоцениот автомобил и ноншалантно влегува во едно од најмонденските места во Монте Карло ја „шокираше“ нашата јавност, но најверојтно не и него самиот.

И додека едни шпекулираа која служба би можела да го направи истото, се појави и информацијата од каде е снимката.

Станува збор за една позната Инстаграм страница на која секојдневно објавуваат снимки од луксузниот живот во Монако.

Ова видео предизвика бура од реакции

Видеото во кое се гледа како Сашо Мијалков заедно со уште едно женско лице излегува од скапоцениот автомобил и ноншалантно влегува во едно од најмонденските места во Монте Карло ја „шокираше“ нашата јавност, но најверојтно не и него самиот.

И додека едни шпекулираа која служба би можела да го направи истото, се појави и информацијата од каде е снимката.

Станува збор за една позната Инстаграм страница на која секојдневно објавуваат снимки од луксузниот живот во Монако.

Инстаграм/ Мона.ко98000

И оваа снимка со Мијалков е само еден дел од подолго видео во кое се гледа како и други богати лица пристигнуваат на истото место.

Инстаграм/ Мона.ко98000

Станува збор за страница која се занимава со луксузниот живот на богатите, а на која се најде и поранешниот прв човек на УБК.

Инстаграм/ Мона.ко98000

Е сега она што сите го забележаа е секако скапоцениот автомобил кој би можел да чини и скоро еден милион евра, но и опуштениот стил на Мијалков, кој без воопшто да се крие, се појави на ова познато место кое многу наши граѓани го гледаат само на телевизија.

Инстаграм/ Мона.ко98000

Фотографи на сите страни

Имено, станува збор за едно од најмонденските места во Монако каде постојано има фотографи кои ги снимаат гостите што пристигнуваат. Но очигледно дека тој воопшто не се крие и живее комфорно, а богатството што го има го прави интересен и за светските медиуми.

Инстаграм/ Мона.ко98000
Инстаграм/ Мона.ко98000
Инстаграм/ Мона.ко98000

Привлече внимание и неговата сопатничка, која беше облечена во црно, и од глава до пети носеше скапи брендови.

Посебно внимание привлече нејзината чанта, како и скапоцените чизми што ги носеше, а луксузна „чантичка“ носеше и Мијалков.

Повеќе од очигледно е дека Мијалков не е премногу загрижен за сето она што му се случуваше во изминативе неколку години, па ужива во гламурозниот живот како дел од светскиот џет сет.

И додека низ Монте Карло се вози во својот скапоцен автомобил, кој е симбол на престиж и луксуз, и додека неговата сопатничка носи облека во вредност од илјадници евра, и задно уживаат во најскапите и најлуксузните места на Азурниот Брег, повеќе од јасно е дека Мијалков по сите „бродоломи“ (читај судски процеси!), продолжува да си го живее животот со полни гради и ич „мува не го лази“.

Инстаграм/ Мона.ко98000

Опкружен со светскиот џет-сет и посетувајќи гламурозни настани, престижни локации и луксуз, не само што ги „шокираше“ сите во Македонија, туку истовремено покажа и дека никој ништо не му може.

Инстаграм/ Мона.ко98000

Впрочем живее и како сите останати најбогати луѓе на светот, со кои на крајот и беше објавен на истa снимка.

А како изгледаат и останатата господа што доаѓа на ова место, погледнете од фотографиите во продолжение…

Инстаграм/ Мона.ко98000

И можеби не е како во Дубаи или Будимпешта, ама и животот во Монако не е за потценување, нели?

Инстаграм/ Мона.ко98000
Инстаграм/ Мона.ко98000
Инстаграм/ Мона.ко98000
Инстаграм/ Мона.ко98000
Инстаграм/ Мона.ко98000
Инстаграм/ Мона.ко98000
Инстаграм/ Мона.ко98000

Извор: Glamur.mk

Continue Reading

Забава

44 години од раѓањето на Тоше Проески

Published

on

На денешен ден во 1981 година е роден Тоше Проески. Денес се одбележува 44 роденден на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, хуманиот човек со големо срце чиј живот предвреме згасна.

Роденденот на Тоше ќе биде одблежан со концерт со наслов „Ангел си ти“ во спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, со почеток во 12 часот.

Под диригентската палка на Аделина Колева, ќе се изведуваат безвременските хитови на Тоше, во изведба на вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“. Посебна магија на концертот ќе донесат и младите солистки Нела Манческа и Дорис Димовска, како и прилепската група „Локдаун“.

Музичката кариера Тоше ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Во својата кариера ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ и по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце не е камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Постхумно Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата, а во Крушево во негова чест е изграден меморијален центар што го носи неговото име.

Continue Reading

Забава

Раде Шербеџија со „Зајди, зајди“ на зајдисонце го најавува концертот во Филхармонија 

Published

on

Шансониерот и актер со холивудска славаа, Раде Шербеџија доаѓа во Скопје, на 1 февруари во Македонска филхармонија со проектот ,,Због тебе, због себе, због других’’, со репертоар во кој ќе ги има сите класици, како ,,Не дај се Инес’’, ,,Мени се душо од тебе не растаје’’, ,,Чекај ме’’, ,,Имам пјесму за тебе’’ и многу други, во присуство на неговиот оркестар ,,Западни колодвор’’.

Оние што некогаш присуствувале, знаат дека неговите концерти секогаш завршуваат со бурна и емотивна разделба со публиката… поради тоа, долго и се паметат.

По сопствена иницијатива, како своевидна покана и најава за скопскиот концерт, Раде Шербеџија се сними како ја пее ,,Зајди зајди’’ на зајдисонце. Целото видео можете да го погледнете овде:

https://www.facebook.com/share/v/1EBFngBQwE/

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк