Connect with us

Спорт

Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ

Published

on

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Спорт

Македонија нерешено против Унгарија на почетокот на СП во ракомет

Published

on

Македонските репрзентативци одиграа одлично против фаворитот Унгарија и извојуваа нерешено со 27 наспроти 27, иако до последните 30тина секунди имаа шанса за победа.

Играч на мечот беше прогласен нашиот Кузмановски со 10 голови, иако и голманот Митевски беше одличен, особено во клучни моменти во натпреварот.

Со ова Македонија добие 1 бод на светското првенство по првиот одигран натпревар, што и не е така лош резултат.

Continue Reading

Спорт

Агелер ги поддржа Македонските ракометари од трибините во Вараждин

Published

on

Американската амбасадорка Анџела Агелер ја поддржа Македонската ракометна репрезентација од трибините во Вараждин, Хрватска.

Посакуваме среќа на македонската ракометна репрезентација која вечерва во Хрватска го игра својот прв натпревар на 29-то Светско првенство во ракомет за мажи организирано од ИХФ! Напред!

Continue Reading

Спорт

„ФАЛАНГАТА“ НА ТРИБИНИТЕ, СИТЕ ОСТАНАТИ ПРЕД ЕКРАНИТЕ Избраниците на Лазаров на мегдан со моќната Унгарија

Published

on

Од 20:30 часот, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе се соочат со фаворизираната репрезентација на Унгарија во арената во Вараждин.

Македонската ракометна репрезентација денес ќе го одигра својот прв натпревар на Светското првенство кое се одржува во Норвешка, Данска и Хрватска. Од 20:30 часот, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе се соочат со фаворизираната репрезентација на Унгарија во арената во Вараждин.

Ова е прво големо натпреварување за Македонија со Филип Кузмановски како капитен.

– Одамна се подготвуваме за Унгарија, акцент ставивме уште на контролните натпревари. Си докажавме дека можеме да се носиме со големи ривали. Мотивацијата ни е на високо ниво. Зошто да не ја изненадиме Унгарија? Имаат звучни имиња и повеќе искуство, но и ние имаме свои адути. Во новата година игравме три натпревари против селекции што наликуваат на Унгарија – Холандија и Гвинеја – изјави Кузмановски на средбата со новинарите во Вараждин.

Македонските фанови пристигнуваат во Вараждин

Унгарските навивачи купиле околу 2.000 билети за групната фаза и вечерва се очекува да бидат доминантни на трибините. Сепак, македонските фанови денес веќе пристигнуваат во Вараждин, собирајќи се низ локалните кафулиња и во фан-зоната која беше креирана за поддршка на националниот тим.

Македонија влегува во дуелот како аутсајдер, но со оптимизам и верба во сопствените способности. Сите очи ќе бидат вперени кон тимот и капитенот Кузмановски, кој најави борбена и мотивирана игра против еден од најдобрите состави во групата.

Распоред на натпреварите на Македонија на СП 2026

15.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Унгарија 20:30 часот

17.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Холандија 18:00 часот

19.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Гвинеја 20:30 часот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк