Connect with us

Инфо +

ГОЛЕМ СНЕЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА Снежните врнежи ќе започнат в петок

Published

on

В петок попладне и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на планините ќе преминат во снег. В недела, поради влијание на постудена воздушна маса, снежни врнежи ќе се појават и во пониските предели, информираше УХМР.

Македонија викендов ја очекува значителен студен и снежен бран кој според прогнозите може да донесе нова снежна покривка од 50 сантиметри до еден метар на планините и на скијачките центри. Поголема снежна покривка ќе се формира и во делови од пониските предели, вклучувајќи ги и градовите.

Метеопрогнозерот Славчо Попоски најавува снежен бран почнувајќи од петок.

„Поради тоа што сѐ уште е неофицијално, можно е варирање околу очекуваната снежна покривка. Ќе видиме што ќе покажат најновите ажурирања“, напиша Попоски на Фејсбук.

Потврда за снежниот бран доаѓа и од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму велат дека до петок времето ќе остане стабилно, но во котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, што ќе одржи пониски температури.

На планините, пак, ќе продолжи постепеното топење на постојната снежна покривка.

„В петок попладне и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на планините ќе преминат во снег. В недела, поради влијание на постудена воздушна маса, снежни врнежи ќе се појават и во пониските предели“, изјави дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска-Мишкоска.

Предупредувања за силниот студ и снег пристигнуваат и од соседните земји. Српските метеоролози исто така прогнозираат дека Балканот ќе биде зафатен од студен бран кој може значително да влијае на условите за движење.

Сите граѓани се повикуваат да бидат внимателни, особено оние кои планираат патувања за време на викендот, и да ги следат препораките на надлежните институции за справување со снежните услови.

Балкан

Масовни протести низ Грција по повод железничката несреќа од 2023 година

Published

on

Атина, 26 јануари 2025 – Во цела Грција денес се одржаа протести поради железничката катастрофа во Темпе од февруари 2023 година, во која загинаа 57 лица. Нов аудиозапис кој дојде до јавноста повторно го привлече вниманието кон инцидентот, предизвикувајќи гнев меѓу граѓаните и барања за одговорност и правда.

Протестите се раширија не само во Грција туку и во други земји, со учесници кои изразуваат солидарност со жртвите и нивните семејства. Во Атина, протестите беа особено масовни, со луѓе кои бараа од властите да се преземат конкретни чекори за да се обезбеди безбедноста на железничкиот сообраќај и да се избегнат идни трагедии.

Новите докази од истрагата, како аудиозаписите, предизвикаа контроверзии, оспорувајќи ги претходните тврдења на владата за причините за несреќата. Ова доведе до зголемен притисок врз властите за транспарентност и кривична одговорност.

Протестите покажаа дека прашањето за железничката безбедност останува жива тема во Грција, со јавноста која бара итно подобрување на инфраструктурата и системите за безбедност за да се спречат идни трагедии.

Continue Reading

Македонија

Шарпланинскиот Куп се враќа? Нови можности за македонското скијање

Published

on

Директорот на Ски Центарот „Попова Шапка“, г. Абдиљгани Алији, заедно со техничкиот директор г. Станислав Бојчески, се сретнаа со претставниците на Федерацијата на Скијачите на Македонија.

На овој продуктивен состанок беше најавено враќањето на значајни натпревари, меѓу кои и престижниот Куп на Шар Планина. Овој натпревар претставува клучен чекор за развојот на скијањето во Македонија, овозможувајќи нови можности за спортистите и љубителите на овој спорт.

Со нетрпение ги очекуваме следните чекори и напредокот кој ќе го донесе оваа иницијатива за скијачката сцена во земјата!

Continue Reading

Македонија

Претрес во Тетово: Пронајдено оружје

Published

on

На 25.01.2025 во периодот од 10.45 до 11.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на С.С.(46) од Дреновец-Тетово. За време на претресот биле пробајдени и одземени пиштол „Црвена Застава” и 263 куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистуванье и документиранье на случаот, ке следува соодветна призава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк