Connect with us

Македонија

Коњановски на средба со претседателите на месни заедници: Визија за развој на Битола

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа средба со претседателите на месните и урбаните заедници, на која ги презентираше плановите за развој и инфраструктурни проекти во градот и околните населени места. На состанокот присуствуваа и секретарот на Општината Борче Димитровски, заменик-градоначалникот Бојан Бојкоски и раководители на одделенијата во општинската администрација.

Во своето обраќање, Коњановски најави продолжување на капиталните инвестиции, истакнувајќи дека Битола, со своите 64 населени места, ќе остане лидер во спроведувањето на крупни проекти.

„Градежната сезона во 2025 ќе започне со завршување на веќе започнатите активности, а истовремено ќе започнеме со нови проекти за кои средствата се веќе обезбедени во општинскиот буџет. Воедно, ќе аплицираме на повикот на Владата со комплетна проектна документација за патна, водоводна и канализациона инфраструктура, паркинг-простори, спортски терени и училишни сали, со вкупна вредност над 10 милиони евра,“ изјави градоначалникот.

Коњановски нагласи дека Општина Битола ќе продолжи посветено да работи во интерес на сите свои жители, акцентирајќи ја важноста на соработката со месните и урбаните заедници како клучен фактор за успешна реализација на сите зацртани цели.

Македонија

Претрес во Тетово: Пронајдено оружје

Published

on

На 25.01.2025 во периодот од 10.45 до 11.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на С.С.(46) од Дреновец-Тетово. За време на претресот биле пробајдени и одземени пиштол „Црвена Застава” и 263 куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистуванье и документиранье на случаот, ке следува соодветна призава.

Continue Reading

Македонија

Нападнато дете од Фалише, полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Published

on

На 24.01.2025 во 20.50 часот во СВР Тетово, Ѓ.М. (40) од с.Фалише, тетовско, пријавил дека на 17.01.2025 во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице на возраст од околу 18 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Апсење во центарот на Тетово

Published

on

На 24.01.2025 во 18.45 часот на крстосница од улица „Маршал Тито“ со улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк