Connect with us

Свет

Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари

Published

on

Повеќе од 10.000 објекти се уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес во изминатите три денови, соопштија властите.

Според проценките на компании, штетата би можела да достигне и до 150 милијарди долари, јави Би-Би-Си.

Жителите, кои беа евакуирани од подрачјата зафатени од пожарите, се вратија на местата кои изгореа во пожарот, а на многу од нив домовите им изгореа до темел.

Компанијата AccyWEather речиси тројно ја зголеми својата прелиминарна проценка за вкупната штета од шумските пожари во Калифорнија за само 24 часа.

Според најновата проценка, штетата би можела да биде и до 150 милијарди долари, додека првичната проценка на штетата била 57 милијарди долари.

Пожарите ги зафатија области каде се некои од најскапите недвижнини во САД. Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 5.300 имоти биле уништени во пожарот во Пацифик Палисадес, елитно предградие на Лос Анџелес, додека меѓу 4.000 и 5.000 објекти биле оштетени или уништени во пожарот во Итон.

Аналитичарите на Morningstar и JP Morgan предвидуваат дека осигурувањето ќе плати загуби од над осум милијарди долари.

Бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се искачи на 10, објавија американските медиуми. Во пожарите опусотшени се повеќе од 142 квадратни километри земја. Наредена е евакуација на околу 180.000 луѓе, јави Си-Би-Ес.

Најголемиот пожар во Пацифик Палисадес, елитно предградие на Лос Анџелес, беше локализиран шест проценти од четвртокот вечерта, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари. Во моментов најмалку шест пожари беснеат во Лос Анџелес и соседната област Вентура, а ниту еден од нив не е локализиран, освен пожарот во Вудли.

Свет

Трамп испраќа дополнително оружје за украинските сили – започнува кошмарот на Владимир Путин

Published

on

Трамп најави испорака на „Патриот“ системи за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави ќе ѝ испратат на Украина системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел да ѝ помогнат во одбраната од руските напади.

„Ќе им испратиме „Патриот“, кои им се очајно потребни“, изјави Трамп, но не го прецизираше бројот на системи што ќе бидат испорачани. Оваа изјава доаѓа во услови на зголемена тензија и заладени односи помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Најавата следува само две недели по одлуката на Вашингтон за привремено запирање на одредени воени испораки за Киев, што предизвика загриженост меѓу украинските власти.

На истата прес-конференција, Трамп се осврна и на состојбата во Појасот Газа. Тој изјави дека разговорите за прекин на огнот се во тек и изрази надеж дека ќе има напредок во текот на следната недела, и покрај моменталниот застој на преговорите што се водат во Доха.

„Во врска со Газа – водиме разговори и се надевам дека ситуацијата ќе се разјасни во наредните денови“, изјави Трамп, задржувајќи го оптимистичкиот тон што го имаше и на Денот на независноста, 4 јули.

Continue Reading

Свет

Нови лоши вести за рускиот претседател: СБУ ликвидираше висок агент на руската ФСБ во операција на руска територија

Published

on

Украинската безбедносна служба (СБУ) објави дека е извршена операција на руска територија во која е ликвидиран висок функционер на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) — полковникот Воронич. Според соопштението, акцијата била изведена сред бел ден и под надзор на безбедносни камери.

Украинските медиуми објавија дека двајца осомничени – маж и жена – учествувале во операцијата, со задача да го следат движењето на целта. Откако добиле координати до однапред подготвено скривалиште, таму ги чекал пиштол со пригушувач. На видеото објавено од СБУ се гледаат две тела, но засега не е прецизирано колку лица биле ликвидирани во операцијата.

Според медиумски извори, полковникот Воронич бил директно вклучен во тајни операции на ФСБ на окупираните украински територии и се верува дека бил поврзан со организирање на упади на украински сили во рускиот регион Курск во 2023 година.

По атентатот, оперативците се обиделе да побегнат, но биле лоцирани од украинските служби и руската полиција.

СБУ, која формално е задолжена за државна безбедност и контраразузнавање, во изминатите две години презеде и офанзивна улога во конфликтот со Русија. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, украинската служба е инволвирана во повеќе операции на руска територија, вклучително и саботажи и атентати врз високи руски функционери и воени објекти.

Во меѓувреме, Русија продолжува со засилени воздушни напади врз Украина. Во последната недела беа регистрирани нови дронски напади, вклучително и врз главниот град Киев.

Continue Reading

Свет

Индонезија погодена од страшен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер – издадено е итно предупредување

Published

on

Силен земјотрес од 6,9 степени го погоди регионот на островот Танимбар во Индонезија

Моќен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денес го потресе регионот околу островот Танимбар, во источниот дел на Индонезија.

Според податоците од сеизмолошките служби, епицентарот бил лоциран во морскиот дел, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или човечки жртви.

Надлежните власти упатија препорака до жителите во околните области да останат внимателни и редовно да ги следат официјалните известувања и безбедносни насоки.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ на Пацификот, каде се регистрира висока сеизмичка активност и чести земјотреси.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг