Connect with us

Македонија

Обвинителство никогаш не дало позитивно мислење за условниот отпуст на Мијалков

Published

on

Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Мијалков.

– Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот, наведуваат во соопштението.

Велат надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на Мијалков дал негативно мислење, а по донесената одлука со која му бил одобрен отпустот, обвинителот вложил и жалба која била отфрлена како недозволена.

– Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, обвинителот вложи и жалба, меѓутоа таа беше отфрлена како недозволена, бидејќи во меѓувреме, со измени на Законот за извршување на санкциите објавени во Службен весник на 2 април 2024 година, од членот 254 е избришана одредбата која предвидуваше обврска решението за условен отпуст да се доставува до јавниот обвинител, а со членот 256 практично целосно беше одземена можноста на јавниот обвинител да се жали на одлуката за условен отпуст. Тоа значи дека од тие измени, јавниот обвинител ниту е известен ниту има можност да се жали на условниот отпуст, стои во соопштението.

Посочуваат дека надзорот врз Мијалков исклучиво го одредува Судот, бидејќи во мај 2024 година тој добил конечна одлука за условен отпуст, на која јавниот обвинител воопшто не можел да има влијание, ниту врз заштитениот надзор врз условно отпуштениот Мијалков.

– Кога станува збор за предметот “Трезор”, надлежниот јавен обвинител и таму ниту еднаш нема дадено позитивно мислење за враќање на патната исправа. Напротив, на 31.05.2024 година обвинителот даде негативно мислење за враќање на пасошот на обвинетиот, а потоа на 19.06.2024 година вложи и жалба на решението на Кривичниот совет со кое беше укината таа мерка на претпазливост. Позитивно мислење во тој предмет е дадено само во однос на укинување на гаранцијата и тоа по донесена правосилна ослободителна пресуда од Апелацискиот суд, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Македонија

Шарпланинскиот Куп се враќа? Нови можности за македонското скијање

Published

on

Директорот на Ски Центарот „Попова Шапка“, г. Абдиљгани Алији, заедно со техничкиот директор г. Станислав Бојчески, се сретнаа со претставниците на Федерацијата на Скијачите на Македонија.

На овој продуктивен состанок беше најавено враќањето на значајни натпревари, меѓу кои и престижниот Куп на Шар Планина. Овој натпревар претставува клучен чекор за развојот на скијањето во Македонија, овозможувајќи нови можности за спортистите и љубителите на овој спорт.

Со нетрпение ги очекуваме следните чекори и напредокот кој ќе го донесе оваа иницијатива за скијачката сцена во земјата!

Continue Reading

Македонија

Претрес во Тетово: Пронајдено оружје

Published

on

На 25.01.2025 во периодот од 10.45 до 11.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на С.С.(46) од Дреновец-Тетово. За време на претресот биле пробајдени и одземени пиштол „Црвена Застава” и 263 куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистуванье и документиранье на случаот, ке следува соодветна призава.

Continue Reading

Македонија

Нападнато дете од Фалише, полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Published

on

На 24.01.2025 во 20.50 часот во СВР Тетово, Ѓ.М. (40) од с.Фалише, тетовско, пријавил дека на 17.01.2025 во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице на возраст од околу 18 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк