Connect with us

Инфо +

Директорот на АНБ БОЈАН ХРИСТОВСКИ за ПОЛИТИКА најавува темелна ИСТРАГА на СИТЕ ИНДИЦИИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ

Published

on

Ќе се истражат сите индиции за незаконско и непрофесионално работење во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), вели директорот Бојан Христовски на прашање на Политика во врска со наводите за незаконското следење на премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство.

Христовски, токму во интерес на истрагата не е во можност да открие дополнителни информации во јавноста. Тој неодамна најави подобри услови за работа и професионализација на безбедносните служби за да бидат на рангот на меѓународната безбедносна заедница, но и да се спречат евентуални злоупотреби и незаконско работење на тајната полиција за што допрва ќе следат реформски потези.

Политика во неколку наврати пишувашеза злоупотреби од страна на тајна полиција чии оперативци во овој случај својата валкана работа ја потпишувале под кодно име „Џокер“ и „Цилиндер“ и кои пред четири години се обиделе да направат компромитирачко досие со измислени извештаи за тогашниот лидер на најголемата опозициска партија како водач на паравојска.

Јован Јовчески, доктор по кривично правни науки и поранешен вработен во ДБК, МВР и Оперативно техничката агенција (ОТА), во интервју за Политика изјави дека разузнавачката операција против Мицкоски, како лидер на најголемата опозициска партија,е иницирана и започната во Агенцијата за разузнавање (АР), легализирана во АНБ, а наредена од директорот на АНБ, како што е пропишано во членот 4 и 31 од Законот за АНБ.

Според него во случајов била злоупотребена одредбата, според која директорот може да одобри спроведување на мерки за тајно собирање на податоци и информации, користење на тајни соработници, користење лица со прикриен идентитет, таен откуп на предмети и документи и набљудување.

Тој вели дека мора да постојат во Агенцијата за разузнавање (АР) или во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) некави пишани „траги“ наредба, службени белешки и извештаи за следењето на Мицкоски, што беше повод да разговараме со директорот на АНБ.

Инаку, Јавното обвинителство по допрен глас отвори истрага откако премиерот на собраниска седница обелодени дека  безбедносни служби, во периодот од 2020 до 2021 година, го следеле додека бил лидер на опозицијата, а со оглед на, како што нагласи Обвинителството, сензитивната природа на случајот потребна е внимателна и детална истрага.

С.М.

Балкан

Купила стан во Грција со пари од хуманитарна помош, си ја зголемила платата, трошела милиони: За уапсената директорка и порано се пишувало

Published

on

Припадниците на УКП во Србија ја продолжија акцијата за апсење поради сомнение за извршени кривични дела проневера на големи суми пари, како и други измами.

Тие рано утринава ја уапсија поранешнaта директорка на Комората на медицински сестри и сметководителот на комората Радмила Угрица.

При претресот на куќата на поранешната директорка, меѓу другото, пронајден е договор за купување стан во Грција, објавуваат српските медиуми.

Угрица се сомничи дека префрлала коморски средства на лични сметки и добивала бенефиции во вредност од десетици милиони динари. Парите биле земени дури и од хуманитарна помош наменета за членовите на комората.

Поранешната директорка на Стопанската комора пред неколку години била во медиумите кога наводно без цел проневерила и трошела пари од членовите на Комората. Таа тогаш ги негирала овие наводи.

Continue Reading

Свет

Преговори во Ријад: САД и Русија договараат крај на војната, Европа на маргините!

Published

on

Во Ријад се одржа средба меѓу делегациите на САД и Русија, предводени од шефовите на дипломатиите, која Москва ја оцени како „позитивна и конструктивна“. Русија го слави овој дипломатски успех, не само како чекор кон нормализација на односите со САД, туку и како поттикнување на раздор меѓу западните сојузници.

Советникот за национална безбедност на САД, Мајк Валц, изјави дека претседателот Доналд Трамп е решен на брзи дејства, нагласувајќи дека само неколку дена по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, двете земји веќе работат на план за прекин на војната и идно стабилизирање на односите.

Отсуството на европските лидери од преговорите во Ријад го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да побара поддршка од Турција и Саудиска Арабија. По денешните разговори со претседателот Ердоган во Анкара, утре се очекува да пристигне во Ријад, нагласувајќи дека Украина нема да прифати мировен договор во кој не учествувала.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дополнително го разниша западниот блок со изјавата дека Москва нема ништо против членството на Украина во Европската Унија, но НАТО останува црвена линија.

Иако САД тврдат дека средбата имала за цел да ја испитаат искреноста на руските намери, сепак, постигнат е договор за формирање тимови на високо ниво кои ќе ги продолжат преговорите. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ова го оцени како голем чекор напред, сугерирајќи дека САД и Русија се движат кон целосно обновување на соработката.

Continue Reading

Свет

Вонредна веста: Се урна авион на аеродромот Пирсон, објавени драматични снимки, светот го потресе нова авионска несреќа

Published

on

Најмалку 15 лица се повредени после пад на авион на американската компанија Делта, на меѓународниот аеродром “Пирсон” во Торонто, јавуваат американските медиуми.

Аеродромот соопштил дека инцидентот се случил по слетувањето и дека авионот на компанијата Делта пристигнал од Минеаполис.

Здравствената служба наведе дека во авионот имало околу 80 луѓе, а во моментов не се знае точниот степен на повреди.

Здравствената служба соопшти дека испратиле три воздушни возила на итната медицинска помош, две од Торонто и едно од Лондон на аеродромот.

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа авионот, целосно превртен на пистата.

Насекаде околу авионот, снег.

Се огласи и аеродромот преку социјалната мрежа Икс.

На снимките од CTV News е прикажан превртен авион покрај пистата, без крила.

Болничарите изјавиле дека примиле извештаи околу 14 часот по локално време за авионска несреќа која се случила на аеродромот.

“Екипите на итната медицинска помош реагираат. Сите патници и посадата на авионот се земени во предвид. Повеќе луѓе се здобиле со повреди после падот на авионот на аеродромот Пирсон”, велат болничарите.

Моментално се затворени сите безбедносни и царински пунктови на аеродромот.

@dailymail A Delta Airlines plane is seen upside down at Toronto Pearson International Airport after a crash-landing Monday. Eight people are reportedly injured. This is a developing story. Read DailyMail.com for updates. 🎥: John Nelson #news #breakingnews #plane #planecrash #toronto #deltaairlines #delta ♬ original sound – Daily Mail

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк