Connect with us

Македонија

Жена од Брвеница нападна полицајци, веднаш уапсена!

Published

on

На 12.01.2025 во 02.10 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода Д.Г.(26) од Република Албанија, со живеалиште во с.Брвеница, тетовско, затоа што се однесувала агресивно и ги спречувала полициските службеници при вршење на службени дејствија. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија

СКАНДАЛОЗНО/ Високиот функционер на ДУИ, Валмир Азири, се вработил како МАКЕДОНЕЦ во Министерството за култура (ДОКУМЕНТ)

Published

on

СКАНДАЛ избувна во центарот на јавната дебата откако денеска беше обелоденето дека Валмир Азири, висок функционер на Демократската унија за интеграција, го злоупотребил БАЛАНСАТОРОТ за да биде вработен во Министерството за култура.

Документите откриваат дека Валмир Азири бил ангажиран како МАКЕДОНЕЦ намерно и свесно за да го исполни условот за работа, што јасно е наведено во огласот дека се бара „македонски 1“.

Случајот со Валмир Азири не е само кршење на процедурите, туку директен удар врз интегритетот и кредибилитетот на политичката партија што ја застапува.

Овој случај отвори голема дебата во јавното мислење и покрена сериозни сомнежи за начинот на кој ДУИ управуваше со вработувањето на Албанците во државната администрација за време на своето владеење. Дали вака работеше ДУИ? Вака ли ДУИ ги унапреди Албанците? Дали вака ДУИ се обидува да го воздигне познатиот балансер, кога самата го злоупотреби?

Во меѓувреме, Министерството за култура и самиот Валмир Азири се уште немаат дадено официјален одговор на ова прашање.

Извор: gazeta.mk

Continue Reading

Македонија

Претседателката ги прими организаторите на еколошката акција „GENERALKA WEEKEND“

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со Гордана Софија и Ханес Јекл, извршни директори на компанијата „Man and Mountain“ и организатори на еколошката акција „GENERALKA WEEKEND“.

На средбата се разговараше за целите и активностите на овој настан, како и за подготовките за неговото годинешно издание. Соговорниците информираа дека станува збор за национален настан којшто се одржува во сите општини во земјава во вториот викенд од мај. Истиот вклучува волонтери, учесници од граѓанскиот и бизнис секторот, образовни институции, комунални и други јавни претпријатија, спортски и пензионерски клубови, месни и урбани заедници, национални паркови, коишто ја чистат нивната околина и го селектираат собраниот отпад, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Претседателката им оддала признание на организаторите на акцијата, нагласувајќи дека нивниот ангажман значително придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот. Според неа ваквите иницијативи не само што помагаат во заштитата на животната средина, туку и ги инспирираат граѓаните да бидат носители на позитивни промени во својата заедница создавајќи култура на еколошка одговорност.

Потенцирајќи дека дополнителна вредност на акцијата ѝ дава партнерството со неколкуте општествено одговорни компании, претседателката ја нагласила важноста и на придонесот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Македонски шуми коишто преку засадување на дрвја на неколку локалитети во земјава учествуваат во неа.

Претседателката со задоволство ја изразила својата подготвеност да се приклучи во активностите на оваа иницијатива и на други акции и настани поврзани со зголемувањето на еколошката свест истакнувајќи дека е потребна заедничка масовна активност во заштитата на природата.

Минатата година во оваа еколошка акција учествуваа околу 20.000 волонтери на повеќе од 400 локации во сите општини во државата и собраа повеќе од 300.000 килограми отпад, се вели во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Претреси во кичевско, пронајдено оружје

Published

on

Вчера, со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк