Connect with us

Инфо +

Норвешка не е во ЕУ но целосно ги разбира македонските позиции, средба Сиљановска – Матисен

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен.

Двајцата соговорници го поздравиле сојузништво во НАТО а претседателката изразила благодарност за норвешката континуирана поддршка на македонските евроинтеграциски процеси.

Сиљановска Давкова на средбата уште еднаш истакнала дека географски, историски и културно, отсекогаш сме биле дел од Европа и дека на нашето пристапување кон Унијата гледа како на реинтеграција.

Претседателката на средбата потенцирала дека како држава Македонија сторила многу, па дури и го смени државното и уставно име, и укажала на неопходноста од почитување на волјата на граѓаните, како и на политичкото достоинство. 

Претседателката, исто така, упатила на одредбите од договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, како и другите релевантни документи со кои се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и еднаквоста на државите, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Потенцирајќи дека нашиот Устав гарантира сеопфатна заштита на малцинските права, претседателката Сиљановска-Давкова ја квалификува билатерализацијата на процесот на пристапување кон Европската Унија како опасен преседан, што нема да остане осамен.

На средбата претседателката ја изразила својата лична заинтересираност за норвешката литература, филозофија и уметност. За неа норвешката демократија е инспиративен политички систем, се вели во соопштението. 

Оттука таа го нагласила задоволството што двете држави повеќе од три децении негуваат одлични билатерални односи, како и очекувањето дека соработката континуирано ќе се зајакнува и унапредува во сите сфери од заемен интерес, а особено во економската област, рефлектирајќи ги потенцијалите на двете држави.

Специјалниот претставник Матисен на средбата истакнал дека и покрај тоа што Норвешка не е членка на ЕУ, целосно ги разбира македонските позиции. 

Тој дополнително подвлекол дека, денес, кога постојано се соочуваме со нови предизвици, посветеноста на принципите на меѓународното право и мултилатерализмот е поважно од кога било, стои во соопштението.

Балкан

Купила стан во Грција со пари од хуманитарна помош, си ја зголемила платата, трошела милиони: За уапсената директорка и порано се пишувало

Published

on

Припадниците на УКП во Србија ја продолжија акцијата за апсење поради сомнение за извршени кривични дела проневера на големи суми пари, како и други измами.

Тие рано утринава ја уапсија поранешнaта директорка на Комората на медицински сестри и сметководителот на комората Радмила Угрица.

При претресот на куќата на поранешната директорка, меѓу другото, пронајден е договор за купување стан во Грција, објавуваат српските медиуми.

Угрица се сомничи дека префрлала коморски средства на лични сметки и добивала бенефиции во вредност од десетици милиони динари. Парите биле земени дури и од хуманитарна помош наменета за членовите на комората.

Поранешната директорка на Стопанската комора пред неколку години била во медиумите кога наводно без цел проневерила и трошела пари од членовите на Комората. Таа тогаш ги негирала овие наводи.

Continue Reading

Свет

Преговори во Ријад: САД и Русија договараат крај на војната, Европа на маргините!

Published

on

Во Ријад се одржа средба меѓу делегациите на САД и Русија, предводени од шефовите на дипломатиите, која Москва ја оцени како „позитивна и конструктивна“. Русија го слави овој дипломатски успех, не само како чекор кон нормализација на односите со САД, туку и како поттикнување на раздор меѓу западните сојузници.

Советникот за национална безбедност на САД, Мајк Валц, изјави дека претседателот Доналд Трамп е решен на брзи дејства, нагласувајќи дека само неколку дена по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, двете земји веќе работат на план за прекин на војната и идно стабилизирање на односите.

Отсуството на европските лидери од преговорите во Ријад го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да побара поддршка од Турција и Саудиска Арабија. По денешните разговори со претседателот Ердоган во Анкара, утре се очекува да пристигне во Ријад, нагласувајќи дека Украина нема да прифати мировен договор во кој не учествувала.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дополнително го разниша западниот блок со изјавата дека Москва нема ништо против членството на Украина во Европската Унија, но НАТО останува црвена линија.

Иако САД тврдат дека средбата имала за цел да ја испитаат искреноста на руските намери, сепак, постигнат е договор за формирање тимови на високо ниво кои ќе ги продолжат преговорите. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ова го оцени како голем чекор напред, сугерирајќи дека САД и Русија се движат кон целосно обновување на соработката.

Continue Reading

Свет

Вонредна веста: Се урна авион на аеродромот Пирсон, објавени драматични снимки, светот го потресе нова авионска несреќа

Published

on

Најмалку 15 лица се повредени после пад на авион на американската компанија Делта, на меѓународниот аеродром “Пирсон” во Торонто, јавуваат американските медиуми.

Аеродромот соопштил дека инцидентот се случил по слетувањето и дека авионот на компанијата Делта пристигнал од Минеаполис.

Здравствената служба наведе дека во авионот имало околу 80 луѓе, а во моментов не се знае точниот степен на повреди.

Здравствената служба соопшти дека испратиле три воздушни возила на итната медицинска помош, две од Торонто и едно од Лондон на аеродромот.

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа авионот, целосно превртен на пистата.

Насекаде околу авионот, снег.

Се огласи и аеродромот преку социјалната мрежа Икс.

На снимките од CTV News е прикажан превртен авион покрај пистата, без крила.

Болничарите изјавиле дека примиле извештаи околу 14 часот по локално време за авионска несреќа која се случила на аеродромот.

“Екипите на итната медицинска помош реагираат. Сите патници и посадата на авионот се земени во предвид. Повеќе луѓе се здобиле со повреди после падот на авионот на аеродромот Пирсон”, велат болничарите.

Моментално се затворени сите безбедносни и царински пунктови на аеродромот.

@dailymail A Delta Airlines plane is seen upside down at Toronto Pearson International Airport after a crash-landing Monday. Eight people are reportedly injured. This is a developing story. Read DailyMail.com for updates. 🎥: John Nelson #news #breakingnews #plane #planecrash #toronto #deltaairlines #delta ♬ original sound – Daily Mail

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк