Connect with us

Uncategorized

Енергетска независност преку иновации – Како Akuo го трансформира пределот на обновливи извори на енергија во Северна Македонија

Во време кога земјата е постојано поставена пред предизвикот за перманентна потреба од увоз на електрична енергија, чии цени се во постојан пораст, енергетската независност претставува еден од најважните стратешки приоритети за Северна Македонија. Најдобриот начин да се постигне оваа цел е преку искористување на огромниот потенцијал што го поседува земјата за развој на обновливи извори на енергија (ОИЕ), што ќе биде во согласност и со глобалните предизвици за одржливост и борба со климатските промени.

Северна Македонија веќе ја започна зелената транзиција и трансформацијата на својот енергетски сектор, со забележителна експанзија на изградба на обновливи извори на енергија. До крајот на 2024 година во земјата се издадени одобренија за вакви проекти од речиси 1000 мегавати. Сепак, експанзијата на ОИЕ, иако позитивна, претставува значителен предизвик за електроенергетскиот систем бидејќи мрежната инфраструктура во земјата, во нејзината сегашна форма, е ограничена во способноста да го апсорбира овој огромен потенцијал.

Ова создава потреба не само од модернизација на мрежата, туку и од воведување на технологии за складирање енергија кои ќе претставуваат пресвртна точка во трансформацијата на енергетскиот сектор и ќе придонесат за нејзината енергетска безбедност. Ваквите технологии се особено важни бидејќи имаат двојна улога – ќе ја стабилизираат мрежата, но и ќе помагаат во оптимизирање на користењето на обновливата енергија, што пак, ги намалува стакленичките гасови и промовира одржлив развој преку решенија кои ги чуваат нашите природни ресурси.

Токму такви иновативни технологии нуди француската компанија Акуо Енерџи, глобален лидер во ОИЕ која активно работи на имплементација на проекти кои го комбинираат производството на обновлива енергија со иновативни решенија за складирање. Овие технологии обезбедуваат оптимизација на користењето на енергијата и стабилизација на мрежата, што е од витално значење за долгорочниот успех на зелената транзиција. Компанијата Акуо Енерџи, со повеќе од 15 години искуство, денес е еден од водечките независни производители на обновлива енергија на глобално ниво, специјализирана за развој, финансирање, изградба и управување со проекти за обновливи извори на енергија. Најзначаен проект на компанијата секако е изградбата на Барзур – првата соларна фарма со интегрирано складирање на енергија во Европа, кој исто така го интегрира агриволтаизмот.

Со својот иновативен пристап и технологии, Акуо Енерџи веќе активно го трансформира енергетскиот пејзаж на земјата, со што не само што ја поддржува државата во остварување на целите за обновливи извори на енергија и енергетска независност, туку и демонстрира како приватниот сектор може да игра клучна улога во трансформацијата на енергетскиот сектор. Ваквите решенија ја револуционизираат енергетската индустрија, а Македонија ќе биде дел од оваа револуција со оглед на фактот дека потребата од вклучување на новите технологии за складирање ќе биде инкорпорирана во новиот Закон за обновливи извори на енергија. Интеграцијата на решенијата за складирање на енергија ќе донесе стабилност на мрежата, економски раст преку зелени работни места и енергетска независност. На овој начин ќе биде „отклучен“ целиот потенцијал на обновливите ресурси на земјата и Македонија ќе биде на одличен пат да стане регионален лидер во обновливите извори на енергија.

Advertisement

Uncategorized

Коњановски: Почитта кон хероите се мери со делата што ги создаваме

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Петровски, афористичар, карикатурист, илустратор и сценограф, остави значителен белег во македонската и битолската уметност, а неговата посветеност кон творењето е препознатлива и денес.

За едногодишни достигнувања наградени беа: Игор Трајковски Фоја за значаен придонес во културата, актерот и режисер Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски за промоција на Битола преку современи медиуми, како и Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ за работа со лица со посебни потреби.

Градоначалникот Тони Коњановски им ги врачи наградите на добитниците, истакнувајќи дека почитта кон минатото се мери со делата што ги создаваат заедниците денес. Во рамките на свеченоста, уметничката програма ја изведе пијанистката Теодора Капинковска.

Continue Reading

Uncategorized

„Комуналец“ Битола поставува нови контејнери

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во градот, поставувајќи нови контејнери за селектирано собирање отпад на повеќе локации.

Со оваа акција се овозможува полесно и поефикасно одвојување на отпадот, особено на хартијата и пластиката, со што се поттикнува одговорно однесување кон животната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива и редовно да го селектираат отпадот, бидејќи секој мал чекор придонесува кон почиста и поодржлива Битола.

Continue Reading

Uncategorized

Коњановски: Битола продолжува со крупни инфраструктурни проекти

На последниот ден од септември, осумте кандидати за градоначалник на Општина Битола учествуваа на предизборна дебата во форматот „Директно“, организирана од ТВ Телма и Националниот демократски институт.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, нагласи дека еден од најголемите адути на неговиот мандат е изградбата на инфраструктурата во градот.

„Ако со нешто може оваа локална гарнитура да се пофали и гордее, тоа е инфраструктурата. Градот во изминативе четири години беше градилиште,“ изјави Коњановски.

Тој потенцира дека се реализирани над 50 километри инфраструктурна мрежа, што, како што рече, во одредени периоди предизвикувало и застои во сообраќајот. „Направивме доста, се извинивме многупати затоа што едноставно го попречивме одвивањето на сообраќајот, но над 50 километри инфраструктурна мрежа е направена и така ќе продолжиме во идниот период. На тоа се поклопи и проектот за топлификација,“ истакна Коњановски.

Градоначалникот посочи и дека е завршена првата фаза на булеварскиот влез во Битола, на потег од 800 метри, со коловоз широк 27 метри. „Тоа е она што граѓаните постојано го бараат – адекватни влезови. Во идниот мандат продолжуваме со влезот од страната на Охрид,“ додаде тој.

Како приоритетни проекти за следниот период ги најави санирањето на коритото на реката Драгор и изградбата на повеќе од 50 нови улици во рамки на програмата на Општината.

Во дебатата, која се одржа во дворот на Офицерскиот дом во Битола, учествуваа и останатите кандидати за градоначалници: Методија Куновски, Габриела Илиевска, Зоран Николовски, Васко Деловски, Мирјана Мирчевска, Кире Димов и Јорго Огненовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг