За него велат дека тој е следниот голем македонки ракометен ас… Во него многумина веќе го гледаат наследникот на Кире Лазаров, а Марко Митев со своите игри и залагање тоа и го наговести на тековното светско ракометно првенство.
Иако има само 21 година, многумина во него веќе гледаат нов предводник на македонската ракометна репрезентација во која тој брилјираше со своите игри. Најдобар доказ беше натпреварот со Франција, на кој и покрај поразот од свстската ракометна велесила, ниту еден од победничката екипа, туку токму Митев беше прогласен за играч на натпреварот, со уште еднаш покажа колку е желен за докажување, но и каков потенцијал лежи во ова наше момче.
А кога стануваш се подобар и попознат, природно и логично е јавноста се’ повеќе да се заинересира за тебе. Но во фокусот на медиумите и социјалните мрежи не е само неговата спортска кариера, туку јавноста покажува се’ поголем интерес и за неговиот приватен живот.
Марко Митев за разлика од многумина не гоја крие приватноста, а зошто и нија криел кога неговата понежна половина е вистинска убавица која сите ја знаат.
Имено, македонскиот ракометар на социјалните мрежи ја покажа неговата девојка чија убавина е восхитувачка, а нејзината телесна градба фасцинантна.
Како и не би била кога станува збор за манекенката Мија Стерјовска која учествува на бројни престижни интернационални избори за убавина, најчесто преку модното студио Црнокрак.
Така на пример пред две години младата убавица победи на престижниот избор за убавина Мис Медитеран 2023 кој се одржа во Киренија на Кипар. Тогаш Мија како наша претставничка направи голем успех со победата во конкуренција на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот.
Една година претходно, убавата Македонка со своето учество на изборот „Кралица на Евроазија 2022“ во Истанбул, ја освои титулата Кралица на убавината (Queen of Beauty), како најубава од сите 30 кандидатки од исто толку држави од Евроазија.
Опчинети од нејзината убавина и харизма, тогаш од турските продуценти македонската манекенка Мија Стерјоска доби понуда да глуми и во турска серија!
„Турски серии понекогаш знам да се загледам дома. Не би се занимавала со глума, но ете добив покана додека бевме таму од една продукција да размислам дали би сакала да глумам во една нова серија која би се снимала од пролет токму во Истанбул, па кој знае, сè може да се случи! Ќе размислам убаво и во консултација со Модното студио „Црнокрак“ ќе решиме што да се прави“ – раскажа тогаш Мија за „Женски магазин“.
Покрај тоа што е модел, Мија тогаш кажа дека професионално се занимава и со кикбокс.
Последните заеднички фотографии говорат дека љубовта на Марко и Мија им цвета.
Дека се нераздвојни и заедно секогаш кога можат да бидат еден покрај друг, зборуваат обајавите на Инстаграм од СП во Вараждин. Дури и кога Марко е на теренот, Мија е во публика, на трибините да го бодри и поддржува како негов најверен навивач.
Променета во неговиот дрес на себе, наметната со македонското знаме околу себе и капата налик на круна… Како замена за дијадемата од модната писта и најава дека идниот македонски ракометен крал во догледно време ќе биде крунисан.
А можеби и нивната заедничка љубов со нешто повеќе од само врска?!
На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.
На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Овен Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.
Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.
Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.
Јарец Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.
Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.