Connect with us

Скопје

ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Нова несреќа вечерва на Партизанска (ФОТО)

Published

on

Вечерва се случила нова сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, спроти Лептокарија, каде што се судриле два автомобили.

Според првичните информации, предните делови на возилата се сериозно оштетени.

Засега нема податоци за евентуални повредени или жртви.

Извор: newz24live.com

Скопје

Орце Ѓорѓиевски го менува ликот на Кисела Вода: По 30 години, конечно започна реконструкцијата на „Румена Хаџипанзова“!

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, продолжува со силно темпо во реализацијата на капитални инфраструктурни проекти, докажувајќи дека ветувањата не остануваат само на зборови, туку стануваат реалност. Денеска започна долгоочекуваната реконструкција на улицата „Румена Хаџипанзова“ во Драчево, проект кој граѓаните го чекаа цели три децении.

Оваа инвестиција опфаќа 6500 квадратни метри, односно 1500 метри должина, каде што дел од улицата ќе биде целосно реконструиран, а друг дел ќе биде изградена сосема нова сообраќајница. Со ова, жителите на Драчево конечно ќе добијат модерен и безбеден пристап, подобрувајќи го квалитетот на живот во оваа населба.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од пошироката стратегија на Ѓорѓиевски за целосна инфраструктурна обнова на Кисела Вода, со цел сите населени места да добијат еднаков третман и современи услови за живот. Со посветеност и ефикасност, локалната самоуправа покажува дека работи со план и визија, носејќи конкретни резултати за граѓаните.

„Продолжуваме со силно темпо, затоа што секој дел од општината заслужува подеднакво внимание и развој,“ порача градоначалникот Ѓорѓиевски, најавувајќи уште многу нови проекти што ќе го подобрат животот на жителите на Кисела Вода.

Continue Reading

Скопје

Овие делови од Скопје утре ќе останат без струја

Published

on

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (среда ) без електрична енергија ќе останат:

 – Гази Баба, ул. Карл Либкхнерт, ул. Ани Барбарис – 06.00 часот 15.00 часот

– Гази Баба, улица Добре Ивановски, ул. 80- Инџиково – 09.00 часот 13.00 часот 

– Чаир, ул Џон Кенеди,  08.00 часот 15.00 часот

– Сопиште, Карст, село Јаболци – 08.30 часот 15.30 часот

– Сопиште, село Дрзилово 08.30 часот 15.30 часот

– Сопиште, Патишка река – 08.30 часот 15.30 часот

– Ѓорче Петров, ул. Мечкин Камен –  09.00 часот 13.00 часот 

– Чучер Сандево, корисниците од село Бразда, ГП Гранит, Село Гојиово, село Горно Оризари – 09.00 часот 16.00 часот.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски – Омерагиќ: Фудбалот како двигател на младите

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, се сретна со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во просториите на Куќата на фудбалот.

На средбата се разговараше за идните планови, важноста на спортот за младите генерации и заложбите за унапредување на фудбалот во Македонија.

„Со лидерството, искуството и страста на Масар за фудбалот, убеден сум дека Македонија ја чека светла иднина,“ истакна Ѓорѓиевски, посакувајќи успех на тимот на ФФМ во создавањето трајно наследство за македонскиот фудбал.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк