Connect with us

Македонија

Претседателката како тинејџерка победила на натпревар за Гоце Делчев под шифра ,,Гоце Гога”

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска во Штип каде беше одбележан роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба откри дека како како тинејџерка во средно училиште победила на натпревар на есеи во чест на Гоце Делчев.

Сиљановска Давкова на натпреварот победила под шифра ,,Гоце Гога”.

,,Во гимназијата редовно секоја година се организираше натпревар за животот и делото, ама и есеи се пишуваат за Гоце Делчев. Нема да го заборавам моментот кога во гимназијата „Георги Димитров“, директорот дојде и рече на натпреварот републички победил есејот со шифра: Гоце Гога. Се разбира, знаев дека тоа е мојот и реков, тоа е мојот есеј”, изјави во Штип претседателката потсетувајќи се на своите средношколски денови.

Сиљановска Давкова во Штип дојде на покана на ректорот на универзитетот Гоце Делчев Дејан Мираковски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов кои се организатори на чествувањето на револуционерот.

Во изјавата за медиумите откако положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев пред истоимениот универзитет претседателката Сиљановска-Давкова зборува што значи Гоце Делчев за Македонците:

,,Се чини дека нема посоодветно место од Свети Спас, ама и од оваа зграда овде за одбележување на 153 години од раѓањето на апостолот Гоце Делчев. Нема посоодветно место за еден универзитет или посоодветно име за еден универзитет и за еден ректорат од Гоце Делчев.

Веројатно во историјата нема да најдете човек за кој толку многу се пишувало, зборувало, толку имиња, не само што се зборувало, туку човек за кој се плачело се радувало…

Мислам дека тоа покажува дека Гоце Делчев е неразделен од македонскиот народ.
Токму затоа и еве 153 години потоа, како да е жив и мислам дека и следните 153 години ќе продолжи таа Гоцева приказна, оти е неразделна од македонскиот народ. 

Она што е восхитувачко за него, а мислам и за нас е ноторниот факт дека учителите, меѓу кои тој е учителот над учителите, најголемиот учител, имале толку голема улога во нашата историја и токму затоа мислам дека овде ми е мене денеска местото, како на учителка .

Се разбира, замислете да имате во време на отоманската империја, мисла, како што е неговата, дека светот го разбира среде војна како културен простор, како поле за културен натпревар на народите е, не само демократска и републиканска порака, туку е веројатно најмирољубивата порака.

Фактот е, дека учителот во него го говори ова, не војоводата. Војводата требало да се избори за простор во којшто неговиот народ ќе може да се натпреварува со останатите, со зборови со знаење, а не со пушки.

Самата јас, се разбира, сум одраснала со Гоце. Мислам дека нема народ во кој има повеќе Гоцевци, или, во овој народ има единствено толку многу Гоцевци.И мојот брат е Гоце.

Секогаш кажувам нешто од мојот ученички живот. Во гимназијата редовно секоја година се организираше натпревар за животот и делото, ама и есеи се пишуваат за Гоце Делчев. Нема да го заборавам моментот кога во гимназијата „Георги Димитров“, директорот дојде и рече на натпреварот републички победил есејот со шифра: Гоце Гога. 

Се разбира, знаев дека тоа е мојот и реков, тоа е мојот есеј.
Значи повторувам дека, аманет ни оставил да се натпреваруваме културно со останатите. Тоа е силата на малите народи, тоа нему му било јасно. И затоа мислам дека неговата мисла, неговото знаење сѐ уште е актуелно. 

Ние немаме друг избор, туку да бидеме горди на фактот што овде врвел, овде од овие прозорци гледал, овде е дел од неговиот живот и како што е ред значи, да нам македонскиот народ, ни стои аманетот. Не можеме да го чествуваме во Кукуш, односно во Килкис, меѓутоа го чествуваме овде и се разбира, неговиот гроб во прекрасниот Свети Спас. Сето тоа мислам дека е нешто што треба да нѐ прави горди на Гоце, бидејќи како што младите велат нели, „Ние сме Гоцеви, Гоце е наш“. Тоа било и ќе биде за век веков.

Затоа неговото раѓање е неразделно од раѓањето, за жал, подоцна, на македонската Република. Затоа и четите имале име Гоце Делчев. Затоа и песните за Гоце Делчев се пееле. Затоа и училиштата и универзитетите и јас сум учела во „Гоце Делчев“ и овде студираат во „Гоце Делчев“. Тоа е нешто што ни е судбина и мислам дека од тоа не се бега”, изјавила Сиљановска Давкова во Штип.

Предходно претседателката заедно со премиерот Мицкоски и државна делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Македонија

Претседателката ги прими организаторите на еколошката акција „GENERALKA WEEKEND“

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со Гордана Софија и Ханес Јекл, извршни директори на компанијата „Man and Mountain“ и организатори на еколошката акција „GENERALKA WEEKEND“.

На средбата се разговараше за целите и активностите на овој настан, како и за подготовките за неговото годинешно издание. Соговорниците информираа дека станува збор за национален настан којшто се одржува во сите општини во земјава во вториот викенд од мај. Истиот вклучува волонтери, учесници од граѓанскиот и бизнис секторот, образовни институции, комунални и други јавни претпријатија, спортски и пензионерски клубови, месни и урбани заедници, национални паркови, коишто ја чистат нивната околина и го селектираат собраниот отпад, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Претседателката им оддала признание на организаторите на акцијата, нагласувајќи дека нивниот ангажман значително придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот. Според неа ваквите иницијативи не само што помагаат во заштитата на животната средина, туку и ги инспирираат граѓаните да бидат носители на позитивни промени во својата заедница создавајќи култура на еколошка одговорност.

Потенцирајќи дека дополнителна вредност на акцијата ѝ дава партнерството со неколкуте општествено одговорни компании, претседателката ја нагласила важноста и на придонесот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Македонски шуми коишто преку засадување на дрвја на неколку локалитети во земјава учествуваат во неа.

Претседателката со задоволство ја изразила својата подготвеност да се приклучи во активностите на оваа иницијатива и на други акции и настани поврзани со зголемувањето на еколошката свест истакнувајќи дека е потребна заедничка масовна активност во заштитата на природата.

Минатата година во оваа еколошка акција учествуваа околу 20.000 волонтери на повеќе од 400 локации во сите општини во државата и собраа повеќе од 300.000 килограми отпад, се вели во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Претреси во кичевско, пронајдено оружје

Published

on

Вчера, со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Засилено полициско присуство во Скопје, серија апсења, ова се деталите

Published

on

Денеска (18.02.2025) во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.О.(31) од Битола затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 17.02.2025 во 22.50 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 17.02.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 17.02.2025 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 17.02.2025 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Д.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк