Connect with us

Македонија

Македонската берза со пад на индексот МБИ10, но стабилно тргување со водечките компании

Published

on

Вчерашното тргување на Македонската берза заврши со значителен пад на главниот берзански индекс МБИ10, додека обврзничкиот индекс ОМБ остана непроменет.

Според официјалниот извештај, МБИ10 се затвори на 10.447,65 поени, што претставува пад од 252,18 поени или 2,36%. Овој пад сигнализира негативни движења на пазарот, но дел од котираните компании забележаа значителен обем на тргување. Од друга страна, ОМБ (обврзничкиот индекс) остана стабилен на 124,52 поени, без промени.

• Тргување со акциите на водечките компании

На официјалниот пазар беа забележани следните значајни промени во тргувањето со акциите на неколку компании:

Комерцијална банка АД Скопје се тргуваше во опсег од 30.197 до 28.650 денари, со просечна цена од 29.517,35 денари. Вкупниот обем на тргување со овие акции изнесуваше 707 акции.

Алкалоид АД Скопје тргуваше во границите од 28.750 до 27.800 денари, со просечна цена од 28.251,29 денари. Денес беа истргувани 368 акции од оваа компанија.

Гранит АД Скопје забележа тргување по фиксна цена од 1.900 денари, без осцилации во цената. Вкупниот број на истргувани акции изнесуваше 2.067.

Макпетрол АД Скопје се тргуваше во опсег од 101.000 до 98.999 денари, со просечна цена од 100.118,24 денари. Вкупниот обем на тргување достигна 34 акции.

Македонијатурист АД Скопје имаше стабилно тргување по фиксна цена од 10.600 денари, со 80 акции истргувани во текот на денот.

И покрај падот на индексот МБИ10, тргувањето со акции на водечките компании покажува дека пазарот сè уште има одредена стабилност. Значителниот обем на тргување кај некои компании укажува на континуиран интерес од страна на инвеститорите, иако внимателноста останува зголемена поради негативниот тренд на индексот.

Очекувањата за наредните денови ќе зависат од реакцијата на инвеститорите и можните економски вести кои би можеле да влијаат на берзанската динамика.

Македонија

Пет активни пожари низ земјава – најмногу зафатена е дабовата шума кај Македонски Брод

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава објави извештај за состојбата со пожарите на отворен простор, заклучно со 07:00 часот на 14 јули 2025 година.

Според податоците, во моментов се активни пет пожари, додека 19 се целосно изгаснати, а нема пожари под контрола.

Активни пожари се пријавени на следните локации:

Општина Дојран, село Николич – гори нискостеблеста шума.

Општина Чучер Сандево, село Горњани – исто така зафатена нискостеблеста шума.

Општина Велес, во близина на селата Џидимирци и Крушје – зафатена мешана шума.

Општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина – опожарена дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Општина Прилеп, населба Три Багреми – гори ниска вегетација.

ЦУК апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават било каков сомнителен чад или оган.
Службите се постојано на терен и се преземаат мерки за локализирање и гаснење на пожарите.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за пеколни температури! Еве какви температури ја очекуваат Македонија во следниов период

Published

on

Македонија под влијание на топол бран од Африка, температури до 38 степени!

Продолжува периодот на суша и на стабилно и суво, како и сончево време во нашата Република Македонија со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува и ветерот од северен правец. Во периодот од понеделник (14 јули па до петок 18 јули) ќе бидеме под топол бран од југ, односно од Африка, и истиот ќе биде по умерен за разлика од изминатиот прв топол бран кој ја зафати нашата Македонија и донесе многу високи температури на воздухот над 40 степени.

Во текот на оваа работна недела, додека трае по умерениот топол бран од Африка, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 37/38 степени. И во Скопскиот регион повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Ув индексот во текот на оваа работна недела ќе има висока до многу висока вредност и ќе изнесува 9.

Барем одсега гледано, во најава немам никаков поголем влажен бран кој би ја прекинал оваа голема суша што ја зафати нашата Македонија, што значи дека некои пообилни врнежи засега нема на повидок, освен утре (вторник 15 јули како и во петок 18 јули) кога во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи, особено во планинските предели.

Continue Reading

Македонија

Премиерот Мицкоски отвори делница од автопатот Кичево – Охрид: Враќање на вербата преку конкретни резултати

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новиот автопатски дел од Кичево до Охрид, во должина од 20 километри. Оваа инфраструктурна делница, од Пресека до Песочани, според него, е доказ дека кога ќе се превземе одговорност со искрена намера и чиста совест, промените се остварливи.

„Денес заедно сведочиме на нешто што за многумина делуваше веќе невозможно. Ова не е само пуштање на автопатска делница, туку момент на враќање на вербата“, изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека само една година по преземањето на одговорноста за водство на државата, успеале да го откочат еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти во Македонија, што е значаен чекор кон подобрување на патната мрежа и поврзаноста во земјата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг