Connect with us

Спорт

ФФМ на семинарот за унапредување судиски стандарди, додели и ФИФА амблеми на меѓународните судии

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење.

Во таа насока, оваа година, редовниот Зимски судиски семинар 2025 за судии и контролори од Единствената листа за Првата и Втората МФЛ, кој се одржува од 7. до 11. февруари во Струмица, има посебен акцент на едукацијата, физичката подготвеност и унифицираната примена на правилата на играта, согласно највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА, презентирани од досегашните еминентни наши најдобри судии, а сега судиски инструктори, Александар Ставрев, Димитар Мечакровски, Дејан Јакимовски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски, Марјан Кировски и Дејан Костадинов.

– „Судиската организација е еден од клучените столбови на фудбалот, а нејзиниот развој е наша заедничка обврска. Со континуирана едукација, физичка подготовка и јасни критериуми во донесувањето одлуки, ја зајакнуваме довербата во македонскиот фудбал. Овој семинар е од особено значење затоа што преку него ги поставуваме темелите за иден судиски кадар кој ќе ги следи највисоките светски стандарди, особено во еден исклучително значаен претстоен период на имплементација на ВАР системот“, за јавноста изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Повеќе ќе прочитате ТУКА на официјалниот натпис од ФФМ

Спорт

Познати стартните 11 на Македонија за дуелот со Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра пријателскиот натпревар против Летонија, како дел од подготовките пред последниот квалификациски меч со Велс во Кардиф.

Селекторот Благоја Милевски се одлучи за следниот стартен состав:

Димитриевски на голот, во одбраната Ашковски, Серафимов, Стојчевски и Климевски. Средниот ред го сочинуваат Барди, Алими и Костадинов, додека во нападот ќе настапат Ѓурчинов, Растодер и Ристовски.

Овој меч е последна проверка за „црвено-жолтите“ пред решавачките натпревари во квалификациите, а Милевски очекува стабилна игра и уверлива партија против Летонија.

Continue Reading

Спорт

Општина Битола: Заедно да ги бодриме младите фудбалери на „Петар Милошевски“

Стадионот „Петар Милошевски“ повторно ќе биде домаќин на голем фудбалски натпревар, овојпат помеѓу македонската фудбалска репрезентација до 21 година и репрезентацијата на Шведска. Натпреварот се игра денес со почеток во 17:00 часот, како дел од квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година.

Откако стадионот доби лиценца од втора категорија од Европската фудбалска унија (УЕФА), „Петар Милошевски“ има можност да биде домаќин на големи натпревари. Во последните два месеци веќе се одиграа два значајни натпревари на овој стадион, што дополнително ја потврдува неговата важност за македонскиот фудбал.

Билетите за натпреварот се достапни електронски на страницата на Фудбалската федерација на Македонија: https://eticket.ffm.mk/stadion-bitola/

Општина Битола ги повикува сите граѓани да дојдат и заедно да го поддржат младинскиот тим, да ја покажат битолската навивачка традиција и да дадат поддршка за македонскиот фудбал.

Continue Reading

Спорт

Чурлинов пред дуелот со Латвија: Секој натпревар е важен, одиме на победа

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денеска говореше на прес-конференцијата во пресрет на пријателскиот натпревар против Латвија, кој ќе се одигра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„Среќни сме што повторно сме заедно. За нас секој натпревар е важен и ќе дадеме сè од себе за да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој меч, така ќе биде и против Латвија. Потоа следува фокус на квалификацискиот натпревар со Велс, кој има своја тежина,“ изјави Чурлинов.

Натпреварот меѓу Македонија и Латвија ќе започне во 18:00 часот, а влезот за сите навивачи ќе биде бесплатен.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг