Connect with us

Република

Изградбата на булеварскиот влез во Битола добро напредува

БИТОЛА – И во зимските месеци продолжува изградбата на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп. Ако не паднат големи снегови, до налето ќе биде комплетно изградена левата коловозна лента за влез во Битола и сообраќајот ќе се одвива по новата инфраструктура. Напоредно течат градежните работи за обнова на патот Прилеп – Битола.

Изградбата на улица „8 Септември“ се одвива според предвидената динамика. Се работи на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема, експропријација, велат од општина Битола.

Со градежните работи се почна лани во август, а досега е поставена мешовита канализација во должина од 550 метри, во моментот се гради и потпорен ѕид во должина од 27 метри. Во реконструкцијата е вклучена и водоводна линија која се состои од два цевководи. Изведувач на работите е ГП „Гранит“. 

„Во досегашниот период реализирани се околу 20 проценти од вкупниот договор за проектот. До средината на летото, планирано е да се изврши асфалтирање на едната (левата) коловозна лента, при што ќе може да се пренасочи сообраќајот по новоасфалтираната коловозна лента“, објави градоначалникот Тони Коњановски.

Влезот на Битола од страната на Прилеп со децении беше во ужасна состојба, не само коловозот, туку комплетното сообраќајното решение, осветлувањето, дивите депонии покрај патот, сликата беше недостојна за град од 80.000 жители, каков што е Битола. 

Проектот за реконструкција на коловоз е во должина од 1,3 километри на потегот од „Лукоил“ до ГУП, односно до самиот влез во градот кај таблата што пишува Битола. Делницата опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки со зелен појас – дрворед со широчина од по 5.5 метри.

Во меѓувреме се изгради нова улица кај новиот трговски центар „Блис“ кај Дулието во Битола и се реконструира постојната улица што е надополнување на влезот на Битола од страната на Прилеп.

Во исто време се одвиваат градежните работи за изградба на патот Прилеп – Битола, па сега битолчани кои патуваат за Скопје и назад, се движат по стариот пат за Скопје кој минува низ општина Могила, кој е во добра состојба. Минатата недела се договараше и режимот на сообраќај додека траат градежните активности со претставниците на изведувачот на автопатот, компанијата „Бехтел и Енка“. Ќе се работи на трасата од влезот на Прилеп од страна на превојот Плетвар, до северната страна на Битола, кај клучката во близина на селото Крклино.

Извор: nezavisen.mk

Advertisement

Република

„Шпанец“ се враќа на пругите: Модернизиран и подготвен за патници

Легендарниот воз „Шпанец“, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на пругите со целосно нов лик. Денес беше тестирана обновената верзија на возот, кој сега располага со модерен дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.

Одговорните најавуваат дека подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек, со цел патниците да уживаат во современо и безбедно патување.

Следуваат уште новости за враќањето на овој легендарен воз – останете со нас за сите детали.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Република

После многу години конечно Тетово ќе се украсува

На онлајн седница одржана денеска, 12 декември 2025 година, Советот на Општина Тетово со мнозинство гласови донесе одлука за украсување на градот за претстојните новогодишни празници.

„За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ. Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, изјави претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Истовремено, изгласана е измена на Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата за 2025 година. Според новата програма, за празничното украсување се предвидени еден милион и петстотини илјади денари, што е над 24 илјади евра.

Continue Reading

Република

Коњановски ги прими просветните работници на годината од Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со добитничките на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година – Наташа Тодоровска, наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, и Аница Б. Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“.

Коњановски им честиташе за значајното признание доделено од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, нагласувајќи дека ваквите награди се симбол на поширока општествена заложба за почит и вреднување на улогата на наставниците, воспитувачите и стручните соработници во образованието.

Тој истакна дека трудот на просветните работници е фундаментален за формирањето на идните генерации и дека локалната самоуправа ќе продолжи да ја поддржува нивната работа.

Признанијата се доделуваат во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“, која Министерството ја реализира по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, со цел истакнување на незаменливата улога на учителите и зголемување на општествената почит кон нив.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг